Uncategorized
Етиопија објави војна на Исламистите во Сомалија
Властите во Етиопија денеска и официјално потврдија дека и објавуваат војна на нелегалната исламистичка сомалиска Влада, правдајќи го тоа со одбрана на суверенитетот на земјата, пренесуваат агенциите.
Властите во Етиопија денеска и официјално потврдија дека и објавуваат војна на нелегалната исламистичка сомалиска Влада, правдајќи го тоа со одбрана на суверенитетот на земјата, пренесуваат агенциите.
„Адис Абеба е принудена да започне воени дејствија против исламистите, кои контролираат поголем дел од територијата на Сомалија, со цел да го заштити својот суверенитет и да стави крај на нападите на кои изложена од терористите“, соопштија властите на Етиопија.
Реакцијата уследи откако етиопски воени авиони изутрината бомбардираа два аеродрома, во престолнината на Сомалија, Могадишу и уште еден на југот на земјата, што се контролирани од Обединет исламски суд (ОИС), група под чија контрола е и поголем дел од сомалиската територија.
Претходно, привремената легална Влада на Сомалија, со седиште во градот Бајдоа, недалеку од Етиопија, ги затвори границите и ја повика меѓународната заедница да спречи влегување на странски платеници, кои војуваат на страна на исламистите.
Етиопскиот премиер Мелес Зенави вчера изјави дека Етиопија поддржува преговори меѓу Владата на Сомалија и исламистите за создавање заедничка управа.
Тој наведе дека Етиопија не се обидува да и наложи влада на Сомалија, ниту сака да се меша во нејзините внатрешни работи.
/крај/ф/ег/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Гаши на средба со амбасадорот на Австралија: Разговарано за билатералните односи меѓу двете земји
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со Даниел Џозеф Емери, амбасадор на Австралија за Република Северна Македонија (со седиште во Белград, Република Србија).
На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете земји, а Гаши го запозна амбасадорот и со чекорите на Северна Македонија во насока на остварување на своите стратешки цели за што во континуитет имаме поддршка од нашите пријателски земји, меѓу кои и Австралија.
Гаши нагласи дека Северна Македонија и Австралија, иако се просторно многу далечни, всушност негуваат мошне блиски и пријателски односи и споделуваат слични вредности, особено во поглед на светскиот мир и демократијата.
Беше посочено дека наредната година се заокружуваат 30 години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу двете земји. Тоа, како што беше заклучено, претставува дополнителен поттик за понатамошно продлабочување на соработката и во делот на економијата и инвестициите, особено ако се има предвид дека голем број граѓани по потекло од земјава живеат и работат во Австралија.
Соговорниците ја оценија како позитивна и продуктивна комуникацијата на ниво на парламенти и преку пратеничките групи за соработка, а во однос на мултилатералната соработка беше посебно истакнато партнерството во рамките на НАТО и членството во Обединетите нации.
Uncategorized
Таравари: Објавен тендер за компресорите во хируршките сали, кои не работат
Во моментот се работи и на изнаоѓање решение за дигитализација во здравството, како и за унапредување на дигиталната инфраструктура.
Uncategorized
Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“
Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека традиционално оваа награда ќе се доделува секоја година на денот кога се одбележува Преспанскиот договор.
„Нимиц имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да посвети на барање решение за спорот за името. Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот. Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови“, напиша Заев на социјалните мрежи.
Нимиц им порачал да го чуваат и негуваат Преспанскиот договор и целосно да го имплементираат.
Во Атина се одржа Меѓународна конференција за мир и одржлив развој, по повод шестгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.