Uncategorized
Откриени 250 килограми ТНТ во близина на Кремљ
Работниците на едно градежно претпријатие при ископување на темелите за изградба на хотел во центарот на Москва пронашле повеќе од 250 килограми експлозив, јавуваат денеска руските медиуми.
Работниците на едно градежно претпријатие при ископување на темелите за изградба на хотел во центарот на Москва пронашле повеќе од 250 килограми експлозив, јавуваат денеска руските медиуми.
Експлозивот е пронајден синоќа во непосредна близина на Кремљ. Според извор во руското Министерство за вонредни состојби, динамитот бил сокриен пред почетокот на Втората светска војна./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Гаши на средба со амбасадорот на Австралија: Разговарано за билатералните односи меѓу двете земји
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со Даниел Џозеф Емери, амбасадор на Австралија за Република Северна Македонија (со седиште во Белград, Република Србија).
На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете земји, а Гаши го запозна амбасадорот и со чекорите на Северна Македонија во насока на остварување на своите стратешки цели за што во континуитет имаме поддршка од нашите пријателски земји, меѓу кои и Австралија.
Гаши нагласи дека Северна Македонија и Австралија, иако се просторно многу далечни, всушност негуваат мошне блиски и пријателски односи и споделуваат слични вредности, особено во поглед на светскиот мир и демократијата.
Беше посочено дека наредната година се заокружуваат 30 години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу двете земји. Тоа, како што беше заклучено, претставува дополнителен поттик за понатамошно продлабочување на соработката и во делот на економијата и инвестициите, особено ако се има предвид дека голем број граѓани по потекло од земјава живеат и работат во Австралија.
Соговорниците ја оценија како позитивна и продуктивна комуникацијата на ниво на парламенти и преку пратеничките групи за соработка, а во однос на мултилатералната соработка беше посебно истакнато партнерството во рамките на НАТО и членството во Обединетите нации.
Uncategorized
Таравари: Објавен тендер за компресорите во хируршките сали, кои не работат
Во моментот се работи и на изнаоѓање решение за дигитализација во здравството, како и за унапредување на дигиталната инфраструктура.
Uncategorized
Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“
Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека традиционално оваа награда ќе се доделува секоја година на денот кога се одбележува Преспанскиот договор.
„Нимиц имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да посвети на барање решение за спорот за името. Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот. Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови“, напиша Заев на социјалните мрежи.
Нимиц им порачал да го чуваат и негуваат Преспанскиот договор и целосно да го имплементираат.
Во Атина се одржа Меѓународна конференција за мир и одржлив развој, по повод шестгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.