Uncategorized
Муслиманите возвраќаат – распишан конкурс за карикатура на холокаустот
Иранските весници распишаа денеска конкурс за најдобра карикатура за холокаустот како реакција на карикатурите на пророкот Мухамед што ги објавија бројни европски, како и австралиски и новозеландски весници.
Иранските весници распишаа денеска конкурс за најдобра карикатура за холокаустот како реакција на карикатурите на пророкот Мухамед што ги објавија бројни европски, како и австралиски и новозеландски весници.
Весникот Хамшари објави дека целта на конкурсот е да се испитаат границите на слободата на изразувањето, наведувајќи дека тоа бил изговорот на европскиот печат да ги објави карикатурите на исламскиот пророк.
“Вистинското прашање за муслиманите е дали слободата на изразување на Западот дозволува тематизирање на американските и израелските злосторства или инциденти, како холокаустот, или пак, слободата на изразување е добра само кога се навредуваат светите религиски вредности“, објави иранскиот весник.
Печатот во голем дел на Европа, предводен од данскиот весник “Јиланд постен“ објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед го оправдува со правото на слобода на изразување.
Карикатурите предизвикаа бес кај муслиманите ширум светот и масовни протестите насочени кон странските дипломатски претставништва во муслиманските земји.
Први на мета на разгневените муслимански верници се Данска и Норвешка. Протестите продолжуваат и денеска. Агенциите јавуваат за демонстрации и напади во Авганистан, Пакистан и Индонезија.
Покрај ова, иранските власти соопштија дека од денеска ја прекинува трговијата со Данска, додека оваа европска земја ги повика своите граѓани да напуштат десетина муслимански држави.
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Кофи Анан неколку пати последниве денови повикуваше на смирување на страстите по повод објавените карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед.
/крај/х/ег/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.