Uncategorized
Над 60 илјади смртни случаи од УВ зрачење
Над 60 илјади смртни случаи во светот се предизвикани од преголема изложеност на сончева ултравиолетова (УВ) радијација.
Над 60 илјади смртни случаи во светот се предизвикани од преголема изложеност на сончева ултравиолетова (УВ) радијација.
Ова се наведува во најновиот извештај за глобални заболувања предизвикани од сончева радијација, изготвен од Светската здравствена организација (СЗО), што е објавен денеска.
Околу 48 илјади смртни случаи се последица на малигни меланом (потемнување на пигментот), а во 12 илјади случаи смртта настапила поради неколку видови на карцином што се јавуваат на кожата, се вели извештајот за „Глобални заболувања од сончевите зраци“.
Во својот прв извештај СЗО укажува дека „ ова глобално испитување на здравствените ризици како резултат на УВ радијацијата, претставува и основа за почеток на јавна здравствена акција“.
На сите ни е потребно сонце, но премногу сонце може да биде опасно, па дури и смртоносно. „За среќа, потребни се едноставни мерки за да се делува превентивно“ вели доктор Марија Неира, директор на одделот за јавно здравје и животна средина при СЗО.
Недостигот на витамин „Д“ во организмот е најголемата и основна причина за појава на кожните заболувања, предупредуваат од СЗО. Од таму и апел луѓето да се изложуваат на сонце, што е можно помалку, за да се одржи потребното ниво на витаминот „Д“ во организмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.