Црна хроника
Заштитениот сведок во „Монструм" ќе сведочи на почетокот на април

Судскиот процес за случајот „Монструм” во вторникот продолжи со презентација на транскриптите од телефонските разговори на обвинетите во случајот, поради што судењето повторно беше затворено за јавнста.
Адвокатот на дел од обвинетите, Асмер Алисаиќ, изјави дека очекува на наредното рочиште, на 25-ти март, да се заврши со посебните истражни мерки, по што би требало да сведочи заштитениот сведок, кој е предложен како доказ од страна на обвинителството.
Според неговите процени, заштитенот сведок би требало да биде сослушуван на почетокот на април.
Судењето продолжува без двајцата првообвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои беа уапсени во Косово.
Постапката за екстрадиција е во тек, Министерството за правда ги преведува на албански јазик документите за двајцата обвинети кои треба да ги испрати до косовските власти.
И Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда ветија дека двајцата обвинети ќе бидат екстрадирани најбрзо што може.
На 12-ти април минатата 2012 година без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски. Сé уште не се знае зошто момчињата и рибарот беа свирепо егзекутиран. Во обвинителниот акт единствено стои дека убијците имале цел да предизвикаат создавање на чувство на несигурност и страв кај граѓаните на Македонија./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.