Европа
Русија ќе ја продолжи забраната за увоз на храна од Западот

Русија планира да ја продолжи забраната за увоз на прехранбени млечни, месни и земјоделски производи од западните земји за уште шест месеци, почнувајќи од август, како реципроцитет откако во понеделникот Европската унија формално го потврди продолжувањето на санкциите за уште половина година против Москва поради нејзината наводна улога во украинската криза.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија во понеделник ги продолжија санкциите против Русија во финансискиот, одбранбениот и трговскиот сектор до 31-ви јануари 2016 година, продолжувајќи да врши притисок врз Москва.
„Предлогот за продолжување на забраната за увоз на храна е подготвен и ќе биде предаден до администрацијата на претседателот“ Владимир Путин, изјави за агенцијата ТАСС, Наталија Тимакова, портпаролка на рускиот премиер Дмитриј Медведев. Додаде дека „Кога станува збор за листата производи кои и натаму ќе бидат под ембарго, таа е речиси непроменета“.
По претходните најави на руските функционери дека Москва на продолжувањето на европските санкции кои ги сметаат без основот ќе одговори со реципроцитет, се очекуваше дека ќе ја продолжи забраната за увоз по рокот од 8-ми август.
„Земајќи предвид дека Европската унија ги продолжи санкциите против Руската Федерација за половина година, барам да го подготвите мојот предлог до претседателот за продолжување на претседателовата одлука (за забраната) за тој период“, изјавил Медведев на средбата со своите заменици, го цитира премиерот агенцијата РИА.
Забраната, којашто се однесува на увозот на прехранбени продукти во висина од неколку десетици милијарди долари од САД, ЕУ, Австралија, Канада и Норвешка, беа воведени за една година, како одговор на западните санкции. Откако Москва забрани увоз на овошје, зеленчук, месо, риба, млеко и млечни производи, најголема загуба имаат европските производители, кои беа и најголеми извозници на големиот руски пазар, а на загуби се жалат поради западните санкции трпат и европските концерни./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.