Црна хроника
Се сослушува медицинскиот персонал од болницата во Гевгелија откако почина родилка

Претходните два дена сослушани се поголем дел од медицинскиот персонал кој го извршувал оперативниот зафат на родилката Маја Кадиева од Гевгелија, која почина при изведување царски рез, а почина и нејзината неродна ќерка, а во понеделник продолжува сослушувањето на останатите лица од медицинскиот персонал.
По добивањето на информацијата дека во тек на закажан оперативен зафат за породување дошло до смрт на родилка и на новороденчето, Основното јавно обвинителство Велес започна предистражна постапка.Надлежен јавен обвинител со цел утврдување на причините за смртта, до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија – Скопје, достави Наредба за судско-медицински преглед и обдукција на телата на починатите. Во исто време донесена е и Наредба за анализа на крв на лицата кои го сочинувале тимот што го вршел зафатот, поради добиеното сознание дека двајцата лекари анестезиолози биле во алкохолизирана состојба.Добиени се извештаите од судско-медицински преглед и обдукцијата. Во тек се дополнителни анализи и испитувања што треба да ги утврдат причините што довеле до смртта.Анализата на примероците на крв извршена од страна на Министерството за внатрешни работи покажа 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на лекарите анестезиолози. Кај лекарите гинеколози не е констатирано присуство на алкохол во крвта.Од страна на Основното јавно обвинителство Велес во насока на утврдување на причините за овој немил настан што ја разбранува јавноста, се преземени и други дејствија. Прибавена е целокупната медицинска документација што се однесува како на оперативниот зафат, така и на прегледите на родилката што претходеле на зафатот и резултатите од извршените претходни испитувања./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајден хашиш кај Италијанец на паркинг на Средно Водно, одреден му е притвор

Вчера околу 21:00 часот на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен 27-годишниот Л.Т. од Република Италија. При извршен преглед кај него е пронајден хашиш.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка 30-дневен притвор во КПУ Скопје.
Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.