Daily news
Најдена врската меѓу дијабетесот во бременоста и депресијата
Трудниците кај кои се развива гестациски или дијабетес во бременоста се во поголема опасност кај нив да се развие постпородилна депресија, меѓутоа научниците ја утврдиле и обратната причинско-последичната поврзаност, имено кај жените коишто на почетокот од бременоста патат од депресија забележан е повисок ризик од развој на дијабетес во бременоста.
Дијабетесот е хронична болест кај која нивото на гликоза (шеќер) во крвта е превисока и предизвикува нарушување на регулирањето на шеќерот во крвта. Но ова нарушување се јавува и како директна последица од бременоста, па ги погаѓа и жените коишто никогаш претходно немале проблеми со регулирањето на шеќерот Дијабетесот во бременоста, за среќа, е минлив и по породувањето најчесто се повлекува. Благо зголеменото ниво на шеќер во крвта кај трудниците се лекува со физичка активност соодветна за бремените и со исхрана која треба да содржи што повеќе сложено јаглехидрати, како мешункасти плодови, житарки, леб, тестенини и ориз.
Научниците од американскиот Национален институт за здравје спровел проучување во текот на коешто ја следеле здравствената состојба на 2.334 жени, меѓу кои имало 468 полнички трудници, во периодот меѓу осмата и дваесет и втората седмица од бременоста, а потоа и шест седмици по породувањето.
Утврдиле дека кај жените кај коишто се развил гестациски дијабетес, кај речиси 15 отсто од нив се развила и постпородилната депресија, што е за четири пати повеќе отколку кај жените кои биле поштедени од појавата на дијабетесот во бременоста. Но резултатите од студијата покажале и обратна поврзаност меѓу двете појави. Имено, жените кои во првото тримесечје од бременоста пателе до депресија, биле двапати поизложени на развој на дијабетес во бременоста. Во случај на перзистирачка депресија, во текот на првото и второто тримесечје од бременоста, ризикот бил малку поголем.
Кај трудниците кои не пателе од дебелина, но пателе од депресија, ризикот од развој на гестациски дијабетес бил трипати поголем во однос на другите трудници кои учествувале во истражувањето, Се покажало и дека поголемата постоечка депресија кај полничките жени не го зголемила ризикот од појава на дијабетес во бременоста.
Во случај на предиспозиција за развој на дијабетес во бременоста во првото тримесечје од бременоста или по зачнувањето, се врши тест. Дијабетесот во бременоста б требало да биде своевидно предупредување за лекарите да посветат внимание на тоа дали кај некоја трудница по породувањето може да се развие постпородилна депресија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.