Контакт

Европа

Со црвени чевли Италија протестираше против убиствата на жени

Објавено пред

Бруталното убиство на Сара Ди Пјетрантонио од страна на нејзиното поранешно момче, ја покрена дискусијата на тема убиства на жените во Италија, а во четврток во сите италијански градови луѓето маршираа или придонесоа тивко кон протестот.
 

dobivaj vesti na viber

Бруталното убиство на Сара Ди Пјетрантонио од страна на нејзиното поранешно момче, ја покрена дискусијата на тема убиства на жените во Италија, а во четврток во сите италијански градови луѓето маршираа или придонесоа тивко кон протестот.

 

Додека во централниот дел на Рим се одбележуваше денот на Републиката со парада, помал протест се рашири низ целата земја, а Италијанците употребија предмети со црвена боја за да искажат солидарност кон жените жртви на убиство или против „културата на женоцид“, два дена откако поранешното момче на 22-годишната девојка го призна бруталното убиство.Изгореното тело на Сара Ди Пјетрантонио беше најдено на периферијата од Рим од страна на нејзината мајка рано наутро во неделата, а злосторството привлече внимание во јавноста, каде се покрена дебата околу женоцидот во Италија.Обвинителот во случајот рече дека двојката поминувала низ насилен период и дека 27-годишниот Винченцо Падуано, не можел да прифати дека таа го оставила. Во четврток се маршираше во повеќе градови, како Неапол, Рим и Фиренца, а многу луше обесија нешто црвено на терасите, или на прозорците како знак на солидарност, откако на апликацијата Whatsapp  проциркулира порака во која се велеше „нешто црвено“ како дела од напорите да се делува против „уништувачката култура на женоцид“.,Црвената боја често се употребува како асоцијација на женските права во Италија, а јавно истакнување на црвени чевли е вообичаено за Меѓународниот ден на жената./крај/мф/бб

Европа

Украинците тврдат дека синоќа собориле 33 руски беспилотни летала

Објавено пред

Украинската противвоздушна одбрана собори 33 од 50-те беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта, соопшти денеска украинското воздухопловство.

dobivaj vesti na viber

Тие наведуваат дека 9 беспилотни летала се изгубени мислејќи на користењето електронско војување од страна на Украина за пренасочување на руските беспилотни летала, додека еден ја напушти Украина во правец кон Романија.

„Непријателските напади со беспилотни летала погодија претпријатија во регионот на Одеса, а зградите на институции, приватни компании и домаќинства во регионите Харков, Черкаси и Киев беа оштетени како резултат на падот на соборените непријателски беспилотни летала“, соопшти војската на платформата „Телеграм“.

Тие додадоа дека под напад било и пристаниште во реонот на Дунав. Претставник на регионот Киев рече дека едно дете е повредено како резултат на паѓање остатоци од соборени цели за време на нападот.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Институтот за проучување на војната: Борбите се брутални, сите Севернокорејци во Курск би можеле да бидат уништени за 3 месеци

Објавено пред

Целиот севернокорејски контингент од околу 12.000 војници во моментов во рускиот регион Курск би можел да биде убиен или ранет до средината на април 2025 година доколку севернокорејските сили продолжат да претрпуваат големи загуби во тековните жестоки борби, објави американскиот тинк-тенк Институт за проучување на војната.

dobivaj vesti na viber

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на почетокот на месецот рече дека 3.800 севернокорејски војници биле убиени или ранети во руската област Курск, која украинските елитни бригади ја нападнаа на почетокот на август минатата година и зазедоа околу 100 населени места.

Оттогаш Русите започнаа контраофанзива и вратија околу половина од загубената територија. Сепак, се уште се водат жестоки битки, а рускиот Курск е едно од најактивните боишта во руско-украинската војна.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров на 5 ноември минатата година изјави дека севернокорејските сили биле вклучени во „мали“ судири во областа Курск, но руските воени блогери почнаа да известуваат на почетокот на декември дека севернокорејските сили учествуваат во позначајни борбени операции.

Севернокорејците претрпеле приближно 92 жртви дневно откако почнаа да се впуштаат во значителни борби на почетокот на декември минатата година, проценува Институтот за проучување на војната.

Се верува дека Северна Кореја преселила приближно 12.000 војници во регионот Курск, така што целиот севернокорејски контингент во регионот би можел да биде убиен или ранет за околу 12 недели, или околу средината на април 2025 година, под услов севернокорејските сили да продолжат да трпат слични загуби во продолжението на борбите, проценува Институтот.

Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја пред неколку дена објави дека 300 Севернокорејци досега се убиени во акција, а 2.700 се ранети во борбите во областа Курск.

Севернокорејските сили најверојатно ќе продолжат да страдаат од поголем сооднос на ранети спрема мртви во борбите, а моментално не е јасно дали и кога повредените севернокорејски војници ќе се вратат во борба, се вели во соопштението на Институтот.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Руски тенк нападна Украинци: „Неговата судбина беше очигледна“

Објавено пред

Осамен руски тенк кој се движи кон украинските линии во она што една украинска група на пилоти за дронови го нарече „многу несреќно самоубиство“ кажува нешто за состојбата на руската војска додека војната на Путин против Украина се приближува на својата четврта година.

dobivaj vesti na viber

Имено, насекаде по должината на 1.000 километри долгата линија на фронтот во Украина, но и во западна Русија има толку многу украински беспилотни летала што руските оклопни возила не можат да ги напуштат своите скривалишта без да го привлечат смртоносното внимание на пилотите на дронови, пишува Форбс.

Онаму каде што Русите освојуваат, го прават најмногу со пешадија и трпат неверојатни загуби во тој процес.

Пред неколку дена, осамен руски тенк патуваше по земјен пат кон линијата за контакт надвор од селото Курдјумивка, 5 километри северно од урнатините на Торецк во областа Доњецк во источна Украина. Руските теренски војски го опкружуваат градот Покровск јужно од Курдумивка, како и градот Часив Јар северно од Курдумивка.

Не е јасно кој бил точниот план на снимениот тенк. Во секој случај, осаменото возило не стигна далеку. „Судбината на ова парче железо беше очигледна“, објави украинската група за беспилотни летала Феникс, додавајќи: „Нашите момци го расклопија до последен детал“.

Огромниот број на беспилотни летала фокусирани на тенкот зборува за изобилството на мали летечки роботи над линијата на фронтот. Четири експлозивни беспилотни летала влетаа и го погодија тенкот, на крајот онеспособувајќи го. Петтиот дрон, потежок модел, фрли гранати врз тенкот за конечно да го уништи. Не е јасно дали некој од тројцата или четворицата руски членови на екипажот преживеал.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Штрајк и тужби за државата се можни доколку Владата не го продолжи дијалогот со административците, кои бараат 30 отсто поголема плата

Вработените во неколку министерства и државни институции, кои и денес, четврти ден по ред, излегоа на протест за 30 отсто...

Македонија5 часа

Починаа две новороденчиња близначиња: трагедија во Прилепско

Две новороденчиња, близначиња, на околу 20 дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од...

Топ5 часа

Обвинение против 10 лица, членови на организираната криминална група, за посредување при проституција, перење пари и трговија со дрога

По завршувањето на истражната постапка која ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во...

Европа5 часа

(Видео) Институтот за проучување на војната: Борбите се брутални, сите Севернокорејци во Курск би можеле да бидат уништени за 3 месеци

Целиот севернокорејски контингент од околу 12.000 војници во моментов во рускиот регион Курск би можел да биде убиен или ранет...

Македонија6 часа

Груби крадеше додека на чело на МВР беше Оливер Спасовски, а обвинители и судии се избираа во Зајас и Струмица, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Филипче месец дена се препелкаат во лавиринтот на сопствените лаги за криминалот на Груби. Артан Груби направи милионски...

Македонија6 часа

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -9 степени, -8 било на Попова Шапка, -6 во Дебар, -5...

Регион7 часа

Потрагата по тригодишното дете во Сава во Загреб продолжува: уапсена мајката, сослушан е и сопругот

Потрагата по детето кое исчезна во Сава во Загреб продолжува и денеска. Во четвртокот, спасувачките служби го напуштија местото на...

Европа7 часа

Зеленски до Фицо: Пукаа во тебе зошто не прости?

„Словачката влада игра многу опасна игра критикувајќи ја воената поддршка на Западот за Украина и приближувајќи се кон Русија“, изјави...

Регион8 часа

(Видео) Илјадници студенти протестираа во Подгорица

Неколку илјади демонстранти се собраа вчера во Подгорица барајќи оставка од лидерите на црногорската влада кои раководат со безбедносниот сектор,...

Свет9 часа

Канцеларијата на Нетанјаху го потврди договорот за ослободување на заложниците

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека „постигнал договор за ослободување на заложниците“ кои се држат во Појасот Газа,...

Свет9 часа

Пронајдени пердуви и крв во моторите на авионот во кој загинаа 179 луѓе

Истражителите пронашле птичји пердуви и крв во двата мотори на авионот Jeju Air што се урна во Јужна Кореја на...

Свет21 час

Израел сè уште нема да објави прекин на огнот во Газа поради условите што ги поствил Хамас

Израел нема да објави официјален крај на непријателствата во Појасот Газа додека Хамас не ги повлече условите наметнати во последен...

Македонија21 час

Даути поднесе оставка по интерпелацијата

Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, на која ѝ беше изгласана недоверба, денеска поднесе оставка...

Македонија22 часа

За повеќе oд три пати зголемен бројот на заболени од грип за една недела

За повеќе од три пати е забележано зголемување кај бројот на заболени од грип во споредба првата недела од јануари,...

Македонија1 ден

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Апелациониот суд како неоснована ја одби жалбата на СДСМ во случајот во кој партијата беше тужена од премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија1 ден

Во најдолгиот месец од годината 988 вработени во инспекторатите сè уште немаат плата, Деаноски го обвини Министерството за финансии

Вработените во сите инспекторати во државата сè уште чекаат плата иако измина законски предвидениот рок за исплата. За доцнењето на...

Македонија1 ден

Владата да сакаше дијалог, денес немаше да сме на улица, рече Деаноски на третиот ден од протестите за повисоки плати на административците

Трет ден по ред вработените во неколку министерства и државни институции излегоа на получасовен протест за 30 отсто поголема плата...

Македонија1 ден

Директор на комунално претпријатие обвинет за проневера во службата

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело...

Македонија1 ден

Дрин Ахмети во „ролс-ројс“, Мијалков во „ферари“, граѓаните во сиромаштија – ова беше режимот на ДУИ, велат од „Влен“

„Делиме исто место, но не и иста судбина. Од ова место минатата недела ги видовте застрашувачките и шокантни сцени како...

Свет1 ден

(Видео) По договорот за прекин на огнот во Газа, наголемо се шират зборовите на Трамп од пред еден месец: „Ќе има целосен пекол!“

И американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, и новоизбраниот претседател, Доналд Трамп, ја преземаат заслугата за решавање на кризата во...