Спорт
Гана последниот африкански мохиканец
Само пет минути беа потребни на стадионот Ројал Бафокенг во Рустенбург за Кевин Принц Боатенг со прецизен удар ниско по земја да ја доведе Гана во водство против САД.
Само пет минути беа потребни на стадионот Ројал Бафокенг во Рустенбург за Кевин Принц Боатенг со прецизен удар ниско по земја да ја доведе Гана во водство против САД. Научени дека Американците на овој турнир во сите три меча досега бркаа резултат и успеваа, се очекуваше кога Американците ќе направат пресврт. Голот падна во второто полувреме од пенал, а го постигна, се знае, Лендон Донован.
Радост на клупата на САД каде што и Клинтон беше присутен, се смрзна гледалиштето зошто очите на цела Африка сега беа вперени во последниот мохиканец репрезентацијата на Гана. Многумина стравуваа дека САД уште еднаш ќе помине понатаму на крилјата на среќата но и на упорноста.
Во екстра тајм (2 пати по 15 минути) обично тренерите не ризикуваат многу и го очекуваат пенал рулетот. Но најдобриот играч на Гана Гиан Азамоа сам влезе во шеснаесетерецот на САД и со силен полуволеј го пробуши голот. На крајот овој гол испадна решавачки. После Камерун, по втор пат во историјата на африканскиот фудбал една екипа се пласира меѓу осумте најдобри во светот. /крај/ап/мн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Победата на Реал во сенка на повредата на Карвахал
Реал Мадрид го победи Виљареал со 2:0 во деветотот коло, во Примера. Со овој триумф Реал се изедначи на првото место со Барселона, која утре му гостува на Алавес.
Реал ја потона „жолтата подморноца“ со две торпеда, на Валверде во 14. и Винисиус Жуниор во 73.минута. Виљареал имаше свои шанси кои не ги искористи. Пеп во првото полувреме веднаш по голот на Валверде ја погоди гредата. Во финишот добија пенал, но судијата го поништи откако ВАР покажа дека на пеналот му претходел офсајд.
Интересно Реал на овој натпревар упати само три удари во рамките на голот, два од нив завршија зад грбот на Кунде.
Реал победи, но прашање е колку скапо ја плати победата. Винисиус Жуниор во 78.минута поради повреда на рамото го напушти теренот, а во самиот финиш на натпреварот се повреди и Карвахал, кој мораше да биде изнесен од теренот.
Спорт
(Видео) Три гола на Турам, Интер го победи Торино
Интер го победи Торино с 3:2 во последниот натпревар од саботната програма во Серија А. Интер ја забележа четвртата победа сезонава, а Торно вториот пораз.
Победата на Интер му ја донесе Маркус Турам кој го постигна првиот хет-трик во Серија А. Работата на актуелниот пампион му ја олесни Марипан кој во 20.минута доби црвен картон.
Пет минути подоцна предноста од играч повеќе Интер ја искористи кога Турам го постигна првиот гол. 11.минути подоцна францускиот репрезентативец го постигна вториот гол. Асистент за двата гола беше Бастони.
Само што тргнаа од центарот гостите успеаја да намалат на 2:1 преку Колумбиецот Дуван Запата. По еден час игра Тирам го комплетираше хет-трикот. До крајот на натпреварот, Торино преку Влашиќ од пенал го намали резултатот.
Спорт
(Видео) Јокиќ им одржа говор на играчите на Мега по победата над Дубаи
Дубаи во саботата беше местото за повторното обединување на Никола Јокиќ и клубот во кој за него започна се во неговата кариера.
Кошаркарите на Мега направија мало изненадување, во драматичен натпревар го победија Дубаи со 83:80, а сведок на овој натпревар беше центарот на Денвер, Никола Јокиќ.
Српскиот репрезентативец во Емирсти е со Денвер на мини-турнеја во претсезоната, а во „Кока-кола“ арената му се придружија и неговите соиграчи Дарио Шариќ и Влатко Чанчар До Јокиќ седеше првиот човек на Мега, еден од најмоќните менаџери во кошарката, Ражнатовиќ.
По натпреварот Јокиќ во соблекувалната им одржа краток говор на младите играчи на Мега, кои беа воодушевени од присуството на официјално најдобриот играч во НБА лигата.
„Задоволство ми беше да ве гледам, посакувам уште да ја имам таа желба и таа радост што вие ја имавте денес“.
Овој момент КК Мега го сподели на своите социјални мрежи.
“I wish I still had that joy and enthusiasm that you showed today” 😂🩷 pic.twitter.com/aIgM2R6D8I
— KK Mega (@KKMegaBasket) October 5, 2024