Свет
Убиени 35 милитанти во Авганистан
Американската војска соопшти дека заедничка патрола на американски и авганистански војници во источната покраина Забул била нападната од група бунтовници а во борбите биле убиени 35-мина од напаѓачите
Насилството во Авганистан продолжува, соопшти американската војска стационирана во таа држава, додавајќи дека интензитетот на бунтовничките напади се зголемува. Особено засилени се акциите на милитантите во пограничните региони со Пакистан, во племенските региони каде бунтовниците имаат бази кои ги одржуваат со помош на пакистанските исламски милитанти. „Авганистанските сили започнаа борба рано утринава, кога конвој се движеше под оган на милитантите кои употребуваа лесно вооружување“, се вели во соопштението на американската команда во Авганистан каде наскоро ќе биде зголемен бројот на американските војници од 21 илјада. Во соопштението се додава дека американските војници во патролата учествувале како дел од обуката на авганистанските војници и едека межу нив нема загинати и ранети. Вчера во регионот Пактика заеднички авганистанско-американски сили ликвидираа 34-члена група талибанци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж со нож нападнал луѓе во центарот на Осло, полицијата веднаш го уапсила
Норвешката полиција соопшти дека уапсила маж кој избодел едно лице со два ножа и нападнал неколку лица во центарот на Осло.
Инцидентот се случил пред местото на метрото кога расправија излегла од контрола и неименуван маж на возраст од триесет години избодел еден маж во раката и нападнал уште неколку луѓе во близина.
Полицаецот потоа го извадил пиштолот и му наредил на напаѓачот да ги спушти ножевите, пренесува Ројтерс.
Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од тероризам.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.