Uncategorized
Кинеската полиција предупреди на можни киднапирања на авиони
Висок функционерна кинеската полиција предупреди на опасноста од киднапирање на авиони за времена Олимписките игри (ОИ), што во август наредната година ќе се одржат воПекинг.
Висок функционерна кинеската полиција предупреди на опасноста од киднапирање на авиони за времена Олимписките игри (ОИ), што во август наредната година ќе се одржат воПекинг.
Овапредупредување е објавено денеска во кинеските гласила, на денот кога восевероисточна Кина се одржува вежба за ситуација со киднапирање на авиони.
“Нашите напори даспречиме такви киднапирања како дел од безбедносниот план за Олимписките игрисе пред сериозен тест“, изјави заменикот-министер за генерална управа нацивилната авијација Ванг Чангшун.
Ванг образложидека очекува оти авиосообраќајот на главните кинески аеродроми во текот на ОИќе биде и до 50 проценти погуст од обично поради пристигнувањето на спортисти,туристи, новинари и политичари во Кина.
Од друга страна,заменикот-министер за јавна безбедност Занг Сјинфенг не ја исклучи можноста одтерористички напади.
“Некоимеѓународни терористички организации се повеќе се инфилтрираат, а цивилнитеавиони би можеле да бидат цел на напади“, изјави Сјинфенг, не давајќи никаквидетали.
/крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.