Uncategorized
Овации за Симон Трпчески во лондонски „Ројал Алберт Хол"

Светски познатиот македонскиот пијанист Симон Трпчески во понеделник навечер настапи на еден од најголемите светски музички фестивали – BBC Proms, што се одржа на една од најпознатите светски сцени – лондонски „Ројал Алберт Хол
Симон Трпчески настапил како солист во изведбата на Концертот бр. 2 за пијано и оркестар од С.Рахманинов, заедно со Кралскиот ливерпулски филхармониски оркестар и нивниот шеф диригент Василиј Петренко. Очекувано оваа исклучителна концертна комбинација била поткрепено со извонредните рецензии во светскиот пецхат за првиот од двата компакт-диска (издание на AVI Rekords) на кои Трпчески со најстариот професионален британски симфониски оркестар во континуитет и диригентот кој важи за еден од водечките на својата генерација, ги изведува сите концерти за пијано и оркестар на Рахманинов (излегувањето на второто це-де се очекува следната година).За овациите што несомнено ги заслужил од публиката, која веќе многу добро го познава и со големинтерес ги следи настапите на макеоднскито вируоз, Симон Трпчески за Македонското радио по концертот изјави:„Сметам дека реакцијата на публиката сама посебе си го кажа своето. Само што заврши последниот тон и луѓето буквално на нозе и со толкави овации и толку искрен прием… толку многу народ а толку многу дисциплинирана публика која навистина беше вовлечена во атмосферата што ние се трудевме да ја направиме на сцена. Навистина, многу инспиративно, ретко е чувството да се свири на ваква сцена, во ваква сала. Човек се чувствува како да е на стадион, а сепак е во концертна сала. Навистина фантастично, и драго ми е што токму овој е мојот последен концерт во оваа сезона што заврши како што се очекуваше.”Во својата изјаваа за Македонското радио, и диригентот Петренко не го криеше своето задоволство од повторната соработка со Трпчески:„Одлично! Го сакам начинот на кој свири Симон. Тој е еден од најдобрите пијанисти на нашево време. Сметам дека ова беше навистина одушевувачка изведба и уживав во секоја минута од неа”.Целосно распродадениот концерт пред околу пет илјади посетители синоќа беше пренесуван и на Radio BBC 3. На 26-ти јули, пак, на TV BBC 2 ќе биде емитувана и телевизиска снимка од, како што коментираше британското радио по концеротот – брилијантен несекојдневен мучички настан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

Пакистански спасувачи на северот од земјата денеска вадат затрупани тела од урнатини, кал и буици, каде што невообичаено интензивен монсунски дожд за само 48 часа предизвика смрт на над 320 лица.
Во текот на изминатите два дена, смртоносни поројни дождови погодија неколку области на планинската северна покраина Хајбер-Пахтунхва, каде што се регистрирани 307 смртни случаи, половина од сите смртни случаи оваа сезона на монсуни, покажуваат податоците на Управата за управување со катастрофи.
Повеќето од жртвите беа однесени од поројните поплави и починаа кога нивните куќи се урнаа, од електричен удар или удари од гром.
Во оваа покраина што граничи со Авганистан и каде што сè уште има обилен дожд, повеќе од 2.000 спасувачи работат на пронаоѓање преживеани или извлекување на тела закопани под урнатините, изјави денеска Билал Ахмад Фаизи, портпарол на службата за спасување на покраината, пренесен од француските медиуми.
-Обилните дождови, лизгањето на земјиштето и блокираните патишта го отежнуваат пристапот на амбулантните возила, а спасувачите се движат пешки, додаде тој.
Uncategorized
(Фото) По разводот, Ана Ивановиќ не може да ја симне насмевката од лицето, се јави од Мајорка

Српската тенисерка Ана Ивановиќ овие денови максимално го ужива летото судејќи според нејзините објави на „Инстаграм“.
Таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи. Позира на плажа и во еден бар, облечена во кафеав фустан од Poupette St Barth со шапка од Hermès и очила за сонце Celine.
Пред тоа таа се пофали и со фотографии од плажа покажувајќи како се сонча и излегува со пријателите, но и дека не ја заборавила својата најголема љубов – тенисот. На сите фотографии во последно време Ивановиќ не симнува насмевка од лицето.
View this post on Instagram
Адвокатот на Ана Ивановиќ, Кристијан Шерц, потврди во изјава за германскиот весник „Билд“ кон крајот на минатиот месец дека поранешната српска тенисерка и светскиот шампион во фудбал, Бастијан Швајнштајгер, се разделиле. Во писмото, кое го доби и германската новинска агенција ДПА, се наведува дека раскинувањето се должи на непомирливи разлики“.
фото: принтскрин
Uncategorized
Голем број битолчани го искористија бесплатниот скрининг за Хепатитис и болести на црниот дроб

По повод Светскиот ден за борба против хепатитис, во Битола се реализираше бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија, спроведени со мобилната медицинска единица од Скопје.
Настанот беше дел од националната кампања, организиран во партнерство со: Хепар Центар Битола, Министерството за здравство, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за инфективни болести – Скопје, Официјалната комисија за хепатоцелуларен карцином, Општина Битола, Центарот за јавно здравје – Битола и Клиничката болница Битола.
Граѓаните покажаа исклучителен интерес за скринингот, кој поради зголемената посетеност продолжи еден час подолго од планираното – сè до 13:15 часот – со цел да им се овозможи на сите заинтересирани да се тестираат.
Особено значајна беше поддршката од страна на градоначалникот Тони Коњановски, кој лично ја посети мобилната единица и ја поздрави оваа важна здравствена иницијатива.
Националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се реализира во 10 градови во државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.