Свет
Скандал во Виена: Торта со нацистички симбол во продажба
Слаткар од селото Марија Енцерсдорф во близина на Виена предизвика скандал во јавноста кога во неговата понуда на колачи, биле откриени торти со нацистички симболи.
Слаткар од селото Марија Енцерсдорф во близина на Виена предизвика скандал во јавноста кога во неговата понуда на колачи, биле откриени торти со нацистички симболи.
Во каталогот со понудата, со слика, слаткарот нуди торти за секоја пригода, па така и за прослави на десничарите кои го величаат Третиот рајх. Така во понудата има торта со нацистичката парола „Мојата чест значи верност“, но и кукаст крст, а за крштевка нуди бебе со кукаст крст.
Оваа понуда, четириесет и шестгодишниот слаткар Манфред К. воопшто не ја крие, туку гордо им ја нуди на своите муштерии. Гости кои го чекале порачаното кафе, од масата го зеле менито со слики на торти кои ги прави слаткарот и ги откриле нацистичките торти.
Тортите кои не се во согласност со австрискиот закон за забрана на величењето на Третиот рајх, тој ги нуди под наслов „за возрасни“.
Гостите веднаш го пријавиле ова откритие на Комитетот „Маутхаузен“, чиј претседател веднаш поднел пријава против слаткарот заради величење на Третиот рајх.
Државното обвинителство во Винернојштат потврди дека пријавата се наоѓа на проверка кај нив и дека ќе донесат одлука како понатаму ќе се постапува.
Слаткарот не се чувствува виновен и за медиумите вели дека овие торти ги продава од пред осум години.
„Тоа е можеби грешка. Јас не сум нацист. Ги исполнувам само индивидуалните желби на клиентите. Ако сега некој ми побара торта од Гадафи, таква и ќе добие“ вели тој.
Инаку цената на тортата со ваков посебен дизајн е 90 евра. Слаткарот за оваа специјална понуда може да биде кривично гонет и врз основа на законот да биде казнет./крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

