Спорт
Убедливи победи на Загреб и Чеховски Медведи

Хрватскиот ракометен шампион, екипата на Загреб Кроација Осигурување, со убедлива победа ги започна натпреварите во Лигата на шампионите.
Хрватскиот ракометен шампион, екипата на Загреб Кроација Осигурување, со убедлива победа ги започна натпреварите во Лигата на шампионите.
Загреб во Романија, како гостин ја демолира домашната Костанца, за која настапува Бранко Ангеловски со 33:23. Љубо Вукиќ со 13 погодоци беше предводник во победата на Загреб. Со овој натпревар е комплетирано првото коло во Д групата, претходно Сиудад Реал го победи Фленсбург со 27:19, а Санк Петербург забележа победа над Босна од 32:27.
Еден натпревар во Лигата на шампионите се одигра во Ц групата, рускиот првак Чеховски Медведи без проблеми со 39:29 го победи данскиот Алборг.
Првото коло во ракометната Лига на шампиони ќе биде комплетирано викендов.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ноер го обвинува Донарума за ужасната повреда на Мусијала: Тој беше спремен да го преземе тој ризик

ПСЖ влезе во полуфиналето на Светското клупско првенство. Парижаните го победија Баерн со 2:0, головите ги постигнаа Дуе и Дембеле. Иако останаа со двајца играчи помалку, шампионите на Европа успеаја да го издржат нападот на Баерн и да се пласираат понатаму. Натпреварот беше засенет од сериозната повреда на Џамал Мусијала на крајот од првото полувреме, кој ја скрши левата нога и сега му претстои долга пауза.
Најстрашниот момент од натпреварот се случи во третата минута од судиското продолжение. Донарума ја зеде топката пред Мусијала, но и падна врз него. Германецот беше сериозно повреден и мораше да го напушти натпреварот, а италијанскиот голман беше во солзи. Голманот и капитен на Баерн, Мануел Ноер, го критикуваше Донарума: „Тоа беше ситуација каде што немаше потреба да се влегува така. Беше преземање ризик. Тој беше спремен да го преземе ризикот да го повреди противникот.“
„Отидов кај него и му реков: „Не сакаш ли да одиш да го видиш нашиот играч?“ Тоа е прашање на почит, да му се приближиш и да му посакаш се најдобро. Дури тогаш тој го направи тоа. Фер-плејот е секогаш дел од тоа. Јас би реагирал поинаку.“
Спорт
(Видео) Реал ја победи Борусија Дортмунд

Списокот на учесници во полуфиналето на Светското клупско првенство е комплетиран. Во последниот натпревар од четвртфиналето на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 3:2.
Чаби Алонсо за нешто помалку од еден месец колку што е тренер на Реал, на големата сцена го промовираше Гонзало Гарсија.
Момчето од клупската академија го постигна четвртиот гол на првенството, моментално е израмнет на првото место на листата на стрелци и е сериозен кандидат да биде главен хит на ова прво клупско Светско првенство.
21-годишниот централен напаѓач му донесе водство на Реал во 10-та минута по асистенцијата од Арда Гулер. Неговиот имењак Фран го зголеми резултатот на 2:0 десет минути подцна.
Реал ја држеше предноста до финишот, а потоа во судиското надополнување беа постигнаи уште три гола.
Максимилијан Баер намали на 2:1 во 92-та, а една минути подцна Килијан Мбапе му ја врати на Реал предноста од два гола. Хујсен во 95-та минута доби црвен картон, а Гираси од пенал во 98-та минута го постави конечниот резултат.
На крајот, може да се каже дека херој е Тибо Куртоа, кој во десеттата минута од судиското продолжение го одбрани ударот на Марцел Сабицер, со кој Реал обезбеди пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство.
Во полуфиналето, Реал ќе игра против актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен. Флуминенсе и Челзи се среќаваат во второто полуфинале.
Спорт
Томас Милер го одигра својот последен натпревар за Баерн

Легендата на Баерн и германскиот фудбал, Томас Милер, го одигра својот последен натпревар во дресот на Баварците. Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија тимот на Баерн со 2:0 и се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД.
Томас Милер играше за германскиот тим во финишот од натпреварот. 35-годишниот фудбалер влезе на теренот во 80-та минута наместо Кингсли Коман и тоа беше неговиот последен натпревар во дресот на Баерн.
Германскиот ветеран не доби нов договор и во април го објави своето заминување од Минхен на крајот од сезоната.
Томас Милер е дете на Баерн, целата своја кариера ја помина со Баварците. Дебитираше за првиот тим во 2007 година и одигра вкупно 756 натпревари, постигна 250 голови и запиша 276 асистенции.
Тој е еден од најтрофејните фудбалери во историјата. Во дресот на Баерн, освои точно 33 трофеи.
„Danke für alles, Томас!“, објави Баерн на социјалните мрежи со емотикон од срце.