Контакт

Регион

Во БиХ уапсени 15 вехабисти

Објавено пред

Припадниците на Агенцијата за истрага и заштита на Босна и Херцеговина (БиХ), во средата утрото уапсиле 15 лица, осомничени за поврзаност со вехабистичкото движење, пренесуваат тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

 

Акцијата, која се нарекува „Дамаск“, била спроведена во 17 градови низ БиХ, а лицата се сомничат за финансирање терористички активности, јавно поттикнување на терористички активности, за врбување и за организирање терористички групи, се наведува во соопштението на Агенцијата за истрага и заштита.

 

Акцијата била насочена кон пронаоѓање на докази кои укажуваат на поврзаност меѓу уапсените и државјаните на БиХ кои учествуваат во војните во Сирија и Ирак, на страната на радикалните терористички групи и организации.

 

Со измените во Кривичниот закон на БиХ, на босанските државјани им е забрането учество во странски воени или паравоени формации.

 

Федералната телевизија (FTV) неофицијално соопштила дека меѓу уапсените е и Билал Босниќ, неформален лидер на вехабистичката во Босанска Крајина, познат по видео снимките објавени на интернет, каде говори против САД и западните земји./крај/мф/бс

Регион

(Видео) Снежно невреме во Хрватска, 48 луѓе останаа заробени во автомобили меѓу нив и деца: Го поминавме Божиќ смрзнати

Објавено пред

Вчера неколку лица, меѓу кои и пет деца, останаа заробени во автомобили кои беа покриени со снег кај Кореница. Јавната противпожарна станица на Плитвичките езера на својот Фејсбук објави дека нешто по 17 часот добила дојава од полицијата дека има завеани возила во областа.

dobivaj vesti na viber

Спасувањето, велат, се одвивало во најтешки можни услови, а од возилата биле извлечени 48 лица.

„Подигнати беа и силите на ДВД Плитвички езера, а на локацијата Кељево Брдо беа испратени пожарникари на ЈВП Плитвички езера и 9 пожарникари на ДВД Плитвички езера во 4 возила.

Успеваме да се пробиеме делумно со возила, а остатокот пешки на најсилните налети на ветерот и да се погрижиме за сите заглавени патници.

11 лица, од кои пет деца, се сместени со добри луѓе во топли домови, 35 лица се симнати од погрешно поставени возила пеш до Бјело поље, каде полицијата со комбиња ги носи во Удбина. Две лица пеш придружувавме до Кореница и ги ставивме на топло место.

Така го поминавме Божиќ на снег, смрзнати, но среќни бидејќи сите беа згрижени“, напишаа надлежните на Фејсбук како резиме од спасувањето и додадоа дека во текот на денот имале уште две интервенции, згрижување животно и една поплава поради покачувањето на нивото на реката, пренесува Јутарњи.

Прикажи повеќе...

Регион

Брнабиќ: Хрватска посакува смена на Вучиќ, тие повеќе се грижат за Србија

Објавено пред

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, реагира на изјавата на хрватската претседателска кандидатка од „Можеме“ дека „во стратешки интерес на Хрватска е Александар Вучиќ да не е на власт“.

dobivaj vesti na viber

Брнабиќ рече дека оваа изјава е пример за директно мешање во внатрешните работи на една земја и дека доколку нешто е во стратешки интерес на една земја, сите нејзини институции се посветени на тоа, особено разузнавачките и безбедносните служби, пренесува „Индекс“.

„Изјавата на еден од претседателските кандидати, односно кандидатот за претседател на Република Хрватска, во последната недела од претседателската кампања, дека стратешки интерес на Република Хрватска е Александар Вучиќ да не биде на чело на Србија, пред сè, претставува целосно отворено и најбрутално мешање во внатрешните работи на Република Србија. Замислете некој во Србија да го каже тоа. Тие повеќе се грижат за Србија отколку за Хрватска“, рече Брнабиќ.

„Значи, тоа е дефиницијата на поимот мешање во внатрешните работи на друга држава. И, второ, конечно е крунскиот доказ, не инсинуација, туку доказ дека хрватските институции, не само нивните институции, туку и разузнавачките и безбедносните служби, даваат финансиска и логистичка поддршка на насилната и недемократска промена на власта во Србија и се работи на смена на Вучиќ“, рече Брнабиќ.

„За сите граѓани е неоспорно дека Александар Вучиќ има мнозинска поддршка. Значи, ако сакате да го урнете, а сакате затоа што тоа е ваш стратешки интерес, тогаш работете на тоа финансиски, логистички и паметно“, рече претседателката на Собранието.

„Сега слушнавме и сега целиот мозаик полека се склопува и ние всушност можеме да видиме што се случува“, заклучи Брнабиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Поради снежните врнежи, прогласена вонредна состојба во дел од Бања Лука: ќе биде ангажирана дополнителна мобилизација

Објавено пред

Градскиот штаб за вонредни состојби во Бања Лука на денешната седница прогласи вонредна состојба и состојба на елементарна непогода предизвикана од обилните снежни врнежи за подрачјата на повеќе месни заедници во областа Бања Лука, соопшти градската управа.

dobivaj vesti na viber

Градската управа наведува дека органите, службите и компаниите на подрачјето на Бања Лука ќе бидат ангажирани и целосно ставени во функција со цел што поефикасно да се отстранат последиците од елементарната непогода предизвикана од снежните врнежи, односно да се расчистат патните комуникации на територијата на градот.

„Ќе се ангажира дополнителна мобилизација, а ќе се ревидира и постојниот акциски план. Вонредната состојба ќе трае сè додека има потреба од спроведување мерки за заштита и спасување, како и санирање на последиците од обилните снежни врнежи. Штабот вчера донесе одлука за формирање волонтерски тимови, кои ќе им бидат достапни на граѓаните во месните заедници, кои поради временските непогоди немаат струја и вода, а воедно ќе ги посетат и подрачјата на кои снегот е повисок од 40 сантиметри“, истакнуваат од градската управа на Бања Лука.

Активирани се и итни телефонски броеви, кои ќе им бидат достапни на граѓаните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 часа

Дурмиши: Ако трговците не ги коригираат цените, ќе бидеме принудени да донесеме одлука за замрзнување цени или маржи

Инспекторите од утрово прават анализи во маркетите во однос на тоа како се движеле цените на основните прехранбени производи во...

Македонија18 часа

Цените пораснаа до 25 проценти кај некои продукти, рече Мицкоски и најави реакција уште денес

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој најави реакција од...

Македонија18 часа

Мицкоски им се извини на жителите на Арачиново и Липково: Има неодговорни градоначалници, ќе се стапи во контакт со општините за градинките

Постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но тоа не треба да биде пречка, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со...

Македонија19 часа

ВМРО-НП предлага укинување на „Државната лотарија“: Покрај сите досегашни нерегуларности во кои била вклучена институцијата, се нанесува и непотребна финансиска штета

ВМРО-Народна партија со внимание ги следи случувањата во врска со „Државната лотарија“ и во контекст на тоа предлагаме вклучување на...

Македонија19 часа

Трипуновски: Децата ги фрлаа јаболката што ги добиваа, а се потрошија над 40 милиони денари, таа мерка ќе се модификува

Мерката на претходната влада за помош на овоштарството, со која учениците и децата во градинките добиваа јаболка, сегашниот министер за...

Свет19 часа

Во авионот што се урна имало државјани на пет земји – преживеале 28 патници, меѓу нив и деца

Државјани на пет земји имало во авионот што утрово се урна во Казахстан. Во соопштението на Министерството за транспорт на...

Свет20 часа

(Видео) Се појави нова снимка од падот на авионот во Казахстан

Новата снимка од падот на авионот во Казахстан покажува дека леталото се запалило кога удрило во земјата. Khoảnh khắc máy...

Македонија21 час

Најмногу снег во Маврови Анови, најладно на Попова Шапка

Утрово најладно било на Попова Шапка каде што се измерени -5 степени, -4 се измерени во Маврови Анови, Крушево, -1...

Свет22 часа

(Видео) Се урна патнички авион, испратил СОС-сигнал над Каспиското Море: драма во Казахстан

Се урна патнички авион на АЗАЛ кој летал од Баку за Грозни, јавува АПА. Авионот испратил сигнал „СОС“ над Каспиското...

Свет22 часа

Само оваа година во Саудиска Арабија беа егзекутирани најмалку 330 луѓе: бројот на казните нагло се зголеми, една третина се странци

Најмалку 330 луѓе беа егзекутирани оваа година во Саудиска Арабија, што е најголем број на егзекуции досега забележани, покажуваат податоците...

Свет23 часа

Данска ја зајакнува одбраната на Гренланд по изјавата на Трамп дека сака да го купи: купуваат дронови и бродови, инвестираат големи пари

Данската влада најави огромно зголемување на буџетот за одбрана на Гренланд, неколку часа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја...

Македонија23 часа

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на неколку патни правци

Како што извести АМСМ, забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци Крива Паланка – г.п.Деве Баир,...

Европа23 часа

(Видео) Масовен руски напад врз Харков: одекнаа десетина експлозии, објавени првите снимки

Русија изврши масовен ракетен напад врз градот Харков во источна Украина, каде во средата наутро беа пријавени серија експлозии. „Од...

Македонија2 дена

Антикорупциска нема да постапува против директорот на АНБ, Бојан Христовски – за веродостојноста на сертификатот велат дека не се надлежни

Антикорупциската комисија го затвори предметот за именувањето на директорот на АНБ, Бојан Христовски. За сертификатот по англиски јазик, издаден од...

Македонија2 дена

Одлуката за притвор за Груби останува во важност: Кривичниот суд ја одби жалбата

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, ја одби жалбата на одбраната на поранешниот вицепремиер, Артан Груби. „Кривичниот совет при...

Економија2 дена

Мицкоски најави робусна акција и за покачените цени: Апелирам големите трговски синџири да се преиспитаат, срамота е ова што го прават пред празниците

Вонредни инспекции и робусна акција ќе има во следниот период против девијантното однесување на маркетите, кои на сметка на новогодишната...

Топ2 дена

72-годишна скопјанка загина по удар од возило: била прегазена на раскрсница

Синоќа во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје,...

Македонија2 дена

(Видео) ДПМНЕ го пушти Груби да избега: „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата, вели Кузеска

„Со потсмев ги следиме обидите на ДПМНЕ да ја префрли вината за бегството на Груби врз СДСМ. Тоа е само...

Македонија2 дена

Мисајловски најави вработувања: В година ќе има оглас за 300 нови професионални војници и 60 луѓе со цивилни факултети

В година Армијата ќе вработи нови професионални војници, граѓани со цивилни факултети, но и администрација потребна на Министерството за одбрана,...

Македонија2 дена

По 12 години пауза, Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам

ТАВ Македонија, подружницата на ТАВ Аеродроми, објави дека по 12 години пауза Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам,...