Региони
Битола остана без испитен центар за возачка дозвола
Испитниот центар за полагање тестови за возачки испит нема да може да организира полагање на испити откако Министерството за внатрешниработи му ја одзеде лиценцата, јави телевизија Тера.
Решението на надлежната комисија при МВР на почетокот на месецот било испратено до Испитниот центар во Битола, а одлуката за одземање на лиценцата е донесена по констатирањето на редица неправилности во неговата работа, информира портпаролот на МВР Иво Котевски.
Котевески наведува дека две од главните причини се дека битослкито центар немал соодветни возила за полагање на тестови за кои претходно ја стекнал лиценцата.
Правно битолскиот центар има можност да ја обжали одлуката и решението, а до донесувањето на било каква одлука, оние кои веќе уплатиле за полагање на тестовите велат од битолскиот Испитен центар, не губат ништо освен време, а доколку сакаат уплатените пари може да им бидат вратени.
Котевски како друга причина за одземањето на лиценцата го наведува и несоодветното спроведување на самото тестирање за што при последната контрола биле предупредени на недостатокот, но не го отстраниле.
Согласно законските одредби, сите кандидати од територијата што ја покрива Секторот за внатрешни работи Битола кои се пријавиле или ќе се пријават за полагање на тестови за возачки испит, тестовите ќе ги полагаат во Битола, пред комисија која ќе ја определи Министерството за внатрешни работи откако ќе поминат предвидените рокови за жалба на решението за одземање на лиценцата. Неофицијално, сопственикот на досегашната лиценца сеуште не поднел жалба на решението од МВР.
Котевски истакна дека се отпочнати процедурите за распишување конкурс за нов испитен центар во Битола.
Испитниот центар во Битола беше отворен во 2008 година, со лиценца за работа во траење од десет години. Во моментов во него работат 14 вработени. Низ центарот во просек секоја година поминуваа околу 2.000 кандидати за возачи, кои од минатата година практичниот дел од возачкиот испит го полагаат во соседните општини Прилеп или Ресен. Секторот за управно – надзорни работи при МВР на 15 мај лани донесе решение за забрана за користење на теренот поради неисполнување на пропишаните стандарди. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.