Регион
Светските медиуми за изборите во БиХ: Националистите во водство
По парламентарните избори во Босна и Херцеговина (БиХ), одржани во недела, светските медиуми пренесуваат дека националистите се во водство во оваа поделена и сиромашна европска земја.
Изборите беа одбележани со потешкотии во избрниот процес и етнички тензии, пишува BBC и додава дека тензиите меѓу Бошњаците, Србите и Хрватите остануваат на високо ниво, пренесува порталот Klix.ba
Некои делови од земјата бараат независност од Сараево, главниот град на една најсиромашните земји во Европа, се наведува во извештајот на BBC, додека останатите медиуми во Велика Британија потсетуваат и на февруарските протести кои се одржаа поради големото незадоволство од состојбата во државата.
„Во оваа земја ништо не функционира“, изјавила Босанката Мирсада Грго за AFP, додавајќи дека ова било последната шанса за будење на народот.
Лидерите на трите етнички групи не успеаја да се договорат околу клучните прашања, важни за напредокот на земјата и нејзиното членство во Европската унија (ЕУ), а таквото однесување на политичарите предизвика голем застој на просперитетот на земјата.
Расположението во државата е генерално лошо, а изборите најверојатно нема да донесат ништо ново, пишува Deutsche Welle.
Voice of America пишува дека врз основа на првичните резултати од пребројувањето на гласовите, националистите се во водство, а конечниот резултат најверојатно ќе донесе „шарен“ состав на државниот парламент, што ќе го успори и процесот на формирање на владата.
Партијата за демократска акција (СДА) е најголем добитник, додека Социјалдеморкатската партија на БиХ (СДП БиХ) е најголем губитник на парламентарните избори, меѓу оние партии кои се претежно се потпираат на бошњачкото избирачко тело, наведува Hina.
Истовремено, додава хрватската агенција, врз основа на првичните резултати објавени во партиските штабови, најголемите хрватски и српски партии го поделиле влијанието меѓу хрватските и српските гласачи.
Според прелиминарните податоци на Централната изборна комисија, најголем број гласови за бошњачкиот член на Претседателството на БиХ добил кандидатот на СДА, Бакир Изетбеговиќ, додека хрватски член на Претседателството ќе биде кандидатот на ХДЗ од БиХ, Драган Човиќ.
За тоа кој ќе биде српски член на Претседателството се уште нема дефинитивни резултати, иако и од двата спротивставени табори, Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) и опозицискиот Сојуз за промени, тврдат дека нивните кандидати (Жељка Цвијановиќ, односно Младен Иваниќ), се во водство.
Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ, Степан Микиќ навел дека во трката за српски член на Претседателството на БиХ, по пребројани 52 проценти од избирачките места, кандидатот на СНСД Цвијановиќ освоила 154.656 гласови, а нејзиниот соперник Иваниќ освоил 153.445 гласови.
„Секако дека на крајот може да дојдеме и до поинакви бројки“, изјави Микиќ во неделата на полноќ.
Лидерот на СНСД, Милорад Додик изјави дека во бројката гласови за Претседателството на БиХ имало податоци кои не биле идентични со состојбата на теренот, но дека и натаму Цвијановиќ води со илјада гласови предност во однос на противкандидатот од Сојузот за промена.
Неизвесна е и трката за претседател на Република Српска, па Додик, кој е кандидат на СНСД за нов мандат, порачал дека конечните резулатите ќе бидат прогласени од ЦИК, наведувајќи дека по пребројувањето на повеќе од 600 илјади гласови, тој има предност во однос на противкандидатот Огњен Тадиќ за околу 12 илјади гласови.
„Остана да се пребројат уште малку гласови, но мислам дека оваа разлика не може да биде достигната со оглед на состојбата со останатиот број на гласови, така што што се однесува до функцијата претседател, ние сме уверени дека го добивме овој мандат“, рече Додик.
Во трката за бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, по пребројани 76,52 проценти од избирачките места, Изетбеговиќ освоил 194.455 гласови, следен од Фахрудин Радончиќ со 156.469 гласови.
Кога станува збор за хрватскиот член на Претседателството на БиХ, по пребројани 76,52 отсто од избирачките места, Човиќ освоил 88.994 гласови, а по него следи Мартин Рагуж со 67.948 гласови.
Според податоците на ЦИК, на изборите во БиХ гласале 54,14 отсто од граѓаните. Во Федерацијата гласале 52,73 проценти, а во Република Српска 56,94 отсто. Споредено со изборите во 2010 година, излезноста оваа година е помала во проценти, но номинална поголема, бидејќи на изборите биле регистрирани повеќе гласачи, во однос на оние од 2010 година./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос

