Контакт

Анализа

Грција во моментов на кредиторите им должи 240 млрд евра

Објавено пред

Грција, којашто на крајот од јуни, може да се најде во ситуација да не може да ги врати ратите од кредитот од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) доколку не ги добие средствата од сегашната програма за надворешна помош, на доверителите им е должна најмалку 242,8 милијарди евра.

dobivaj vesti na viber

Најголем поединечен доверител на Грција е Германија, покажуваат пресметките на агенцијата Reuters од минатата седмица, кои се темелат на официјалните статистики.

Споменатата сума од 242,8 милијарди евра ги обединува двата пакета од финансиската помош за Грција, коишто ги одобрија земјите членки на еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд од 2010 година, како и грчките државни обврзници кои ги држат Европската централна банка (ЕЦБ) и централните банки на државите од еврозоната.

Приватните инвеститори држат 38,7 милијарди евра во грчки државни обврзници, по големото отпишување и замена на долгот од 2012 година, со што е намален нивниот удел во грчкиот долг за 107 милијарди евра, а вредноста на долгот во рацете на приватните вложувачи за проценетите 75 отсто. Покрај тоа, грчката влада издаде и 15 милијарди евра краткорочни трезорски записи, повеќето на грчките банки.

Надворешниот долг на Грција кон поединечните кредитори

ММФ на Грција ѝ вето вкупно 48,1 милијарди евра, од кои износот од 16,3 милијарди евра Атина би требало да ги добие до март 2016 година, доколку успешно ги спроведе реформите условени со втората програма за надворешна финансиска помош.

Грција редовно ги сервисираше и отплаќаше долговите сé до почетокот на јуни, која го искористи правилото на ММФ да ги обедини четирите транши од еден месец од кредитот во една, во вкупен износ од 1,6 милијарди евра кој треба да го врати до крајот на јуни. Претходните заеми од ММФ имаа камата од 3,5 отсто, поголема од онаа којашто беше пресметана на средствата одобрени од фондот на еврозоната наменет за финансиска помош на членките кои запаѓаат во проблеми.

Европската централна банка (ЕЦБ) држи грчки државни обврзници со номинална вредност од 19,8 милијарди евра, од што за наплата во јули и август доспеваат 6,7 милијарди евра, што претставува многу сериозен предизвик во врска со отплатата односно рефинансирањето на долговите.

Покрај тоа, европските централни банки во рамките на Евросистемот држат 7,72 милијарди евра во грчки обврзници. ЕЦБ, исто така, одобри 110 милијарди евра итна помош за потребите на ликвидноста на грчките банки, која ја овозможува грчката централна банка, од што дел е осигурен со колатерал во грчки државни обврзници.

Државите од еврозоната на Грција ѝ одобрија 52,9 милијарди евра билатерални заеми во рамките на првата програма за финансиски помош договорен во 2010 година. Во рамките на втората програма од заеми договорена во 2012 година, Атина прими 141,8 милијарди евра од фондот на еврозоната наменет за помош на членките со проблеми, а до крајот на јуни уште би требала да добие износ од 1,8 милијарди евра, доколку ги исполни барањата за реформите.

Меѓу најголемите економии во еврозоната, далеку најголем кредитор на Грција е Германија со 42,98 милијарди евра, Италија со 37,76 милијарди и Шпанија со сума од 25,1 милијарди евра. Тоа е прилог на придонесите за заемите од ММФ, сразмерни со квотите коишто тие земји ги имаат во овој глобален кредитор.

Државите од еврозоната ѝ ги продолжија на Грција роковите за отплаќање на заемите од 15 на 30 години и ги намалија каматните стапки на некои од нив на визија којашто за само 0,5 базични поени е поголема од нивните трошоци за задолжување. Исто така, на Грција ѝ одобрија 10-годишен мораториум на исплатата на каматите во вториот пакет од заемни кој на Атина ѝ беше одобрен од фондот на еврозоната за помош на членките во тешкотии./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Анализа

Разорувачкиот пример на економски и социјален „мазохизам“

Објавено пред

Откако пред неполни три години човештвото се соочи со глобалната пандемиска – здравствена криза што мултиплицирано се зголеми на почетокот од оваа 2022 година со руската воена инвазија во Украина, согласно сите извештаи за реалните состојби, научни анализи и аргументирани предвидувања извесно е дека оваа есен – зима ќе кулминираат економската, енергетската, инфлаторната, ценовната и социјалната криза со епски пропорции.

dobivaj vesti na viber

Jeff Bezos, основачот и извршен претседател на „e-commerce” гигантот Amazon, кој е најрелевантен барометар за „здравјето” на јавната потрошувачка односно, клучниот генератор на економскиот развој, предупредува на неизбежност од голема рецесија на светската економија. Истите ставови ги споделуваат и David Solomon (CEO Investment Bank Goldman Sachs) или пак Jamie Dimon (CEO JP Morgan Chase) кој по последното интервју од 10 октомври ќе изјави дека „економијата ќе влезе во рецесија следните шест до девет месеци”.
Elon Musk (CEO Tesla & SpaceX), е уште попрецизен велејќи дека „ние сме веќе во рецесија која веројатно ќе трае до пролетта 2024 година и само најјаките ќе преживеат”.

Ваквата драматична криза кај сите национални економии наметна алармантна, вонредна состојба која пак ургентно бара вонредни и радикални економски стратегии и оперативни мерки за одржување во живот и избегнување на целосен економски колапс.

Скоро без исклучок сите одговорни политички, економски и финансиски лидери од европските земји се согласуваат со дијагнозата дека се работи за најсериозна ,,ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА ЗАКАНА” која наметнува неопходност од нови приоритети преку забавување или целосно времено одложување на претходно донесените национални стратегии и развојни проекции.

Метафорично, кризата ги претвори националните економии како „пациент во клинички шок со акутни животно загрозувачки проблеми каде се неопходни интервентни реанимациони процедури а не некакви блазирани совети за долгорочните погодности од поинтензивно пешачење и физички вежби во природа на чист воздух или пак совети за органска исхрана и здрав диетален програм(!?)”.

Така на пример германскиот канцелар и неговиот владин кабинет интервентно одлучија да го стопираат планираното затворање на преостанатите три нуклеарни централи, но и да рестартираат неколку од веќе „пензионираните” нуклеарни капацитети. Од егзистенцијална важност е да се обезбеди електрична енергија за домаќинствата, индустријата и инфраструктурата во Германија.

Ваквата тешка одлука е донесена и под голем притисок на неколку други партнерски земји од ЕУ, како Словачка и Унгарија. Белгија исто така планираше да ги затвори своите два нуклеарни реактори (со капацитет од 2.1 GW) до 2025 година, но во март одлучија да ги задржат во функција барем за уште 10 години. „Bloomberg” објави дека новата влада на Шведска ќе побара од државната компанија „Vattenfall AB” да планира и изгради нови нуклеарни централи за да ја задоволи растечката побарувачка на електрична енергија во земјата.

Притисната од драматичната реалност, германската влада прави „очајнички” обиди за да го задржи функционирањето на националната економија но и запалените светла и снабдување со електрична енергија во сите домаќинства за да се помине зимата. И покрај претходно прифатената обврска на Германија за постепено исклучување на ископување и користење на јаглен до крајот на оваа декада, во оваа нова реалност се вратија назад на најсигурниот и најбрз начин на производство на електрична енергија од фосилните горива. Така, во овие неколку месеци ефикасно возобновија и вратија во функција на неопределено време, најмалку 20 термо електрани на јаглен. Ветерните турбини близу до отворениот коп на рудникот „Garzweiler” во Северна Рајна-Вестфалија а со кој управува германскиот енергетски гигант „RWE”, се демонтираат и отстрануваат за да се отвори простор за проширување на копот и интензивна експлоатација на јаглен.

Дури и најавторитетните граѓански групации за заштита на животната средина се согласуваат дека јагленот е најбрзиот но и најефикасниот одговор на енергетската криза. Karsten Smid од „Greenpeace Germany” вели „Ние мораме да разбереме дека кризната состојба во која би немале енергија, би немале струја нити топлина во домовите и канцелариите оваа зима, е далеку посериозно прашање од било која друга тема и заложба”.
Факт е дека во кризни времиња генерално сите луѓе покажуваат поголем интерес за информации, читање, проучување, слушање и осознавање.

Така дури и најекстремните екологисти ја разбраа и прифатија реалноста дека без рударство и многукратно зголемување на неопходните количини од ретките, критични минерали и метали (бакар, литиум, никел, графит, кобалт…), општоприфатената програма за глобална транзиција во „зелена економија” – е само обична ДЕКЛАРАТИВНА ЖЕЛБА! Според извештаите на Светска Банка, притисокот за „зелена” технологија и производство на енергија од обновливи извори (ветер, сончева и геотермална), како и високософистицираните решенија за складирање на таквата енергија ќе резултира со побарувачка од околу 3 милијарди тони минерали и метали, односно ќе биде потребно 500% зголемување на производството на критични минерали и метали до 2050 година. Неизбежно се наметнува заклучокот дека современото одржливо рударство е клучна алка во процесот на транформација кон „зелената економија”.

Видлив е трендот да големите автомобилски компании како Ford, Chrysler, Volkswagen, Mercedes, кои се обврзаа за забрзана транзиција и замена на нивните производни програми со електрични возила широко достапни до 2035 година (!?), интензивно стратешки се поврзуваат капитално со големите рударски компании кои работат и применуваат нови технологии и високи стандарди за одржливо рударство.

Така и американската администрација на претседателот Joe Biden неодамна додели грант од вкупно 2.8 милијарди долари за значително поттикнување на домашното рударство на критичните минерали и метали потребни за производство на моќните батерии за електричните возила.

Доколку во контекст на сé претходно наведено во овој текст повторно се навратам на разочарувачкиот пример со сосема неоправдано наметнатата неизвесност или повеќегодишниот „limbo” статус на Проектот за мега странската инвестиција – рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”, неизбежно ќе воочиме дека во односот на нашата држава кон овој проект има јасни елементи на економски, финансиски, енергетски и социјален „МАЗОХИЗАМ”.

Искрено, како горд македонски државјанин чувствувам наплив на „срамотизам” при самото потсетување на крајно непристојното игнорирање и упорно избегнување на директна конструктивна комуникација со највисокиот менаџмент и бордот на директори на проектната компанија Euromax Resources, како и со клучните инвеститори со потврдено позитивен авторитет на глобалната деловна сцена. Со неодговорно наметнатата административна „рашомонијада” кон овој Проект (во последните 7 години!), како да постои некаков нерационален „мораториум” за објективно согледување на реалноста и за повлекување на практични и ефективни одлуки. Се прашувам зошто, дури и во вакви најкризни времиња, кај нас се повторува синдромалното пореметување на деструктивна „умствена миопија” додека и понатаму продолжуваме да пимпламе со односот кон нашата колективна иднина.

Пасивноста, игнорантноста и самосожалувањето со својата „мртва тежина” не притискаат и во ваква драматична криза се всушност најголемата неправда кон сите нас. И покрај нашите политички, етнички, верски, социјални и културни различности, крајно време е СИТЕ да се обединиме во справувањето со овие егзистенцијални предизвици, да се обединиме за опстанок но и за прогрес, за отворање на нови работни места, за повисок животен стандард, конечно стопирање на иселувањето, посреќен и подостоинствен живот!

Да бидам конкретен – Во актуелните турбулентни времиња единствена реално остварлива, повторувам единствена реална мега – странска инвестиција која е веќе присутна во нашата држава и е целосно подготвена ВЕДНАШ да започне со оперативна реализација е токму проектот на Euromax Resources за современ рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”! Само за првите две години на изградба обезбеден е буџет за инвестирање на 350 милиони евра; во текот на целиот период на оперативно функционирање редовно ќе се исплаќаат по околу 75 милиони евра секоја година на повеќе домашни кооперанти; секоја година ќе се уплаќаат приближно по 25 милиони евра во државниот буџет, а околу 4 милиони евра во буџетите на локалните управи; рударскиот комплекс ќе генерира редовен извоз од околу 200 милиони евра годишно; според актуелните статистички податоци се проценува дека ќе придонесе за просечно зголемување на Бруто Домашниот Производ – БДП, за околу 4% на национално ниво; за целокупното времетраење со оперативното работење потребни се 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии…

Клучен инвеститор е глобалниот деловен гигант – Групацијата TRAFIGURA или една од водечките светски дистрибутерски, трговски, логистички и производни компании. Тие се лидери во секторот на „commodities” или природни суровини кои ни се неопходни за „преживување” оваа зима, како нафта и нафтени деривати, природен гас, LPG&LNG, метали и минерали, енергија и обновливи извори на енергија. Мултинационална корпорација која има свои компании во 48 држави на сите континенти. Во финансиските резултати за 2021 година, Групацијата TRAFIGURA објави приход од 231.3 милијарди долари (што е за цели 16 пати поголем износ од македонскиот БДП!), а само за првата половина од 2022 година вкупниот приход изнесува 170.6 милијардри долари и нето профит од 4.7 милијарди долари…

А ние, ние со празните реторики, бескрајните игри и одолговлекувања наместо да побараме соработка неразумно ги присилуваме да дигнат раце од инвестицијата во овој мега Проект, но и од повеќе други потенцијални проекти во нашата држава каде како партнери со Групацијата TRAFIGURA, сосема извесно и за многу краток период би можеле да постигнеме реален пресврт со забележителен економски, енергетски, финансиски и социјален прогрес.

Д-р. Живко Груевски

ПР

Прикажи повеќе...

Анализа

Мицкоски: Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана-картели, корупција и криминал

Објавено пред

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на „Фејсбук“ пишува дека „македонските граѓани плаќаат најскапа струја во споредба со граѓани на другите држави во регионот. Невистини се тврдењата на Владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најевтина струја во Европа. Имено, според Евростат, цената на струјата што македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5 €/MWh“.

dobivaj vesti na viber

„Според Евростат, во првото полугодие од 2022 година граѓаните во регионот плаќаат многу поевтина струја (слика 1) во споредба со македонските граѓани:
Србија 58,9 €/MWh
БиХ 73,3 €/MWh
Турција 74,8 €/MWh
Косово 55,5 €/MWh
Црна Гора 79,2 €/MWh

Ветуваа живот, евтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн… а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа струја за цена од 69,5 €/MWh (слика 2) или 22,5 % помалку од цената на струјата што ја плаќале во првото полугодие од 2022 година“, стои во објавата на првиот човек на опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Владата ќе направи целосен ремонт на урбанизмот

Објавено пред

Владата подготвува пакет-измени на постојните и носење целосно нови уредби кои ќе ги опфатат законите за градење, за просторно и за урбанистичко планирање, за катастар, за експропријација, за еврокодови, најавува денес „Дојче веле“.

dobivaj vesti na viber

Веќе било формирано национално координативно тело во кое се вклучени претставници од Владата, од министерствата, од општините, од другите надлежни институции, како и од здруженијата на архитекти, на градежници, но и претставници на стручната и научната фела со кое раководи професорот Мирослав Грчев.

„Во следните два месеца ќе изготвиме интервентни измени на кои стручњаците укажаа, пред сè, со цел да се отстранат аномалиите и противречностите. Потоа ќе започнеме со изработка на сосема нов сет закони, процес што ќе трае 7-8 месеци“ откриваат од Владата.

Само Законот за градењето во последните 5 години бил менуван 25 пати. Со ова, според надлежните, настанал вистински хаос во регулативата и на терен. Речиси на иста линија е и стручната фела. Во Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ) сметаат дека е крајно време да се воведе ред.

Урбаниот хаос ќе се средува и со законски измени и со засилен надзор, велат од Владата. Сепак, негираат дека ќе има уривање на објекти – сè што досега било направено, а било во рамките на постојните закони, ќе остане.

„Основна цел е подобрување на животот на граѓаните. Урбаниот хаос го нарушува просторот. Во Скопје досега масовно се градеше без план, проблемот е помал во другите градови, но таму не се внимаваше воопшто на она што се нарекува архитектонско решение или урбанистички изглед на локалната единица… Ова е болната точка што ќе треба да ја коригираме иако нема можност состојбата целосно да ја вратиме назад, но мора да ја смениме генералната перцепција дека во сферата на урбанизмот владее хаос, дека владее корупција и тоа е она што нè боли сите нас“, велат извори во Владата.

Архитектите предупредуваат дека, освен законските измени, мора да се донесат и сосема нови урбанистички планови и тоа не само за главниот град.

Каква е моментната состојба доволно зборува податокот дека сега во централното градско подрачје на Скопје во тек е изградба на десетици големи станбени згради, од кои добар дел и со по стотина и повеќе стана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Пендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на 7 -годишнината од упадот во Собранието, кој се случи на 27 април 2017-тата година, истакна...

Македонија5 часа

Силјановска-Давкова: Не е точно дека стартуваме од нула, ние не шутираме пенали, а тие ги промашија на празен гол

Во рамките на својата кампања за претседателка за Република Македонија, професорката Гордана Силјановска – Давкова, оствари средба со граѓаните на...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи...

Македонија10 часа

(Фото+видео) „Македонијо, ти си бисер балкански“ ечеше на свечената промоција на 508 нови полициски службеници

Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година. Едногодишната...

Македонија11 часа

(Видео) Николоски: Власта размислува за поткуп на гласачи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски, денеска рече дека власта размислува за поткуп на гласачи...

Македонија12 часа

Спасовски: Насилниците од 27 април никако не смее да се нарекуваат уставобранители, ниту пак да бидат помилувани

Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен, ова е најцрниот ден во историјата на македонската демократија, рече денеска...

Свет13 часа

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата. „Едниот кат...

Свет13 часа

Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер

Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што...

Свет14 часа

(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат

Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи. Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има

СДС знаат дека ќе изгубат катастрофално во вториот изборен круг, и наместо чесно да го прифатат поразот, тие мислат ќе...

Македонија15 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно...

Македонија17 часа

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ, велат...

Свет1 ден

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија1 ден

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија1 ден

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ2 дена

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија2 дена

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет2 дена

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет2 дена

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...