Македонија
Дизелот и бензинот поскапеа за 2,5 денари
Малопродажната цена на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ поскапеа 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика
Малопродажната цена на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ поскапеа 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика
Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер-95 е 60,50 ден/лит, на Еуросупер -98 е 61,50 ден/лит, на Еуросупер БС-95 изнесува 62,00 ден/лит и на Еуросупер БС-98 изнесува 63,50 ден/лит.
Цената на Еуродизелот (Д-Е V) од полноќ изнесува 48,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 37,00 ден/лит.
Малопродажните цени на мазутот М-2 и на мазутот М-1 НС се зголемија за 1,562 ден/кг, односно за 1,539 ден/кг, со што цената на мазутот М-2 изнесува 24,661 ден/кг и на М-1 НС изнесува 26,169 ден/кг.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 67,671 $/барел и е за 11,13 % повисока од просечната цена на сурова нафта (60,893 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати, се вели во образложението на регулаторите. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ги повика граѓаните да гласаат за Гордана Силјановска Давкова и за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
-Партиите кои се на власт, кои ги разградија институциите, ја криминализираа државата, ги загрозија националните и државните интереси, ги доведоа граѓаните во очај и предизвикаа масовно иселување, треба да одат во опозиција и да одговараат за грабежот и загрозувањето на опстанокот на државата. Во овие сложени состојби кога се одлучува за иднината на Македонија, Ве повикуваме на масовно гласање за промени, за Гордана Силјановска Давкова (2) и за кандидатите за пратеници на Коалицијата ТВОЈА МАКЕДОНИЈА, предводена од ВМРО-ДПМНЕ (Број 2), се вели во соопштението.
Македонија
Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца
Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу два часот по полноќ се случила на експресниот пат Штип-Кочани.
Во несреќата која била пријавена во 2:24 часот изутрина, учествувало само едно возило. Автомобилот „рено лагуна“ со скопски регистрации излетало од коловозот во близина на клучката кај селото Крупиште.
Возачот – 39-годишен маж од Скопје – починал, а сопатничката и двете деца се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Штип.
Увидот во несреќата е во тек.
Македонија
Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година
Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден.
„На гости во мојот дом беше другарот Фатмир Битиќи, по повод празникот Велигден, Христово Воскресение. Му посакувам здравје низ целата година“, објави Спасовски на социјалните мрежи.