Европа
Париското обвинителство потврди 120 мртви, медиумите јавуваат за 153
Париското обвинителство ги потврди убиствата на најмалку 120 луѓе во низата терористички напади во француската престолнина, вклучително и масакрот во концертната сала „Batalcan“ и самоубиствените експлозии кај стадионот „Stade de France“, додека француските медиуми повикувајќи се на различни извори јавуваат за 140 до 153 загинати, во најкрвавиот напад во историјата на Франција.
Парискиот државен обвинител Франсоа Моленс изјави дабот утрото во саботата дека во нападите се убиени најмалку 120 луѓе, што е првата бројка којашто ја изнесе некои официјален извор. Според него, во текот на ноќта биле неутрализирани пет напаѓачи, од кои тројца во концертната сала кои од автомати стрелале и фрлале гранати врз повеќе од сто заложници.Агенцијата AFP, пак, повикувајќи се на извори од истрагата подоцна објави дека во нападите во Париз учествувале и биле ликвидирани осум терористи. Четворица од нив биле убиени во концертната сала, тројца кај стадионот и еден на булеварот Волтер. Шестмина од нив се кренале во воздух со ткн „самоубиствени појаси“.Според телевизијата CNN, која се повикува на извор во француското министерство за внатрешни работи, само во концертната сала биле убиени 112 луѓе.Околу 1.500 луѓе биле присутни во салата „Bataclan“ на концертот на американската метал група Eagles of Death Metal (EODM), сала која е во близина на редакцијата на сатиричниот весник Charlie Hebdo кој во јануари годинава беше цел на терористички напад во кој беа убиени 12 луѓе. „Двајца или тројца вооружени со ‘калашникови’ упаднаа во салата и почна на слепо да пукаат врз луѓето. Тоа таеше десет петнаесет минути. Беше многу крваво Почна паника, сите трчаа, се сопнуваа“, изјави за радиото Europe 1, Жулиен Парс, кој бил во салата.Неколку други очевидци изјавија дека напаѓачите извикувале „Алаху Акбар“ (Господ е голем) и оти нападот е одмазда за францускиот претседател Франсоа Оланд поради учеството во нападите врз џихадистите во Сирија. „Пукаа директно во масата. Крв имаше насекаде, мртви насекаде“, изјави очевидецот Пјер Жансак за бројните телевизиски екипи.Полициски извори потврдија дека сите напаѓачи биле убиени во полициската акција откако било сфатено дека не станува збор за заложничка криза, како што во прв момент се мислеше. Напаѓачите не биле маскирани и носеле експлозивни појаси.Вкупно имало шест или седум симултани напади во неколку делови од градот. Најмалку три експлозии, од кои најмалку една ја предизвикал Во најмалку шест кварта во француската престолнина непознати напаѓачи во петокот ноќта отвориле оган од автоматско оружје, соопштија полициски извори за телевизијата BFV TV. Речиси сите места на нападите се наоѓаат на десниот брег од реката Сена. Засега се познати терористичките чинови во концертната сала „Bataklan“, камбоџанскиот ресторан „Petit Cambodge“ во близина на Плоштадот на Републиката, и во неколку улици од овој плоштад кон Плоштадот Бастилја. Една од двете или трите експлозии во близина на „Stade de France“ во предградието Сен Дени, според агенцијата AFP, го извршил бомбаш самоубиец.Станува збор за најголемиот самоубиствен бомбашки напад во Франција во модерната историја. На натпреварот имаше околу 80.000 гледачи, меѓу кои и францускиот претседател Франсоа Оланд, кој во времето на нападите го следеше пријателскиот фудбалски меч меѓу Франција и Германија на стадионот „Stade de France“ во придружба на шефовите на дипломатиите на двете земји, Лоран Фабиус и Франк-Валтер ШтајнамерФранцускиот претседател во обраќањето на нацијата прогласи вонредна состојба и затворање на границите. Мобилизирани се сите служби за вонредни состојби на полицајците им е суспендиран годишниот одмор, а болниците ги повикаа своите персонали да се јават за да се справата со приливот жртви и да бидат подготвени.Оланд подоцна го посети полицискиот команден центар во близина на салата „Bataclan“ и рече дека Франција ќе биде немилосрдна кон оние кои го извеле нападот. „Сакав да дојдам меѓу луѓето кои беа сведоци на овие грозни сцени, да им кажам дека ќе поведеме битка и ќе бидеме немилосрдни“, рече Оланд пред салата.Иако не е потврдена автентичноста на пораката, италијанската телевизија Sky Tg24 цитираше наводна објава на Исламската држава со која ја презема одговорноста за нападот. „Ова е одмазда за Сирија. Ова е 11-ти септември на Франција“, се наведува во цитираната порака, во која се алудира на нападите коишто џихадистите на Ал Каеда на 11-ти септември 2001 година ги извршија врз САД, кога беа убиени повеќе од три илјади луѓе.Иако сé уште не е официјално потврдено, медиумите наведуваат дека е очигледно дека станува збор за синхронизирани напади врз Франција, која е соочновач на коалицијата за борбата против тероризмот, која предводена од САД вршат воздушни напади врз Исламската држава во Сирија и Ирак. Се истакнува дека нападите се случија иако во земјата и особено во Париз последните денови е подигната подготвеноста на безбедносните служби и сили поради глобалниот самит за климата кој ќе се одржи во францускиот главен град кон крајот на месецов.Меѓународните аеродроми во Париз и Франција работата во вообичаениот режим, иако неколку американски воздухопловни компании привремено ги суспендираа летовите кон оваа земја./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако Вашингтон му понуди на Киев безбедносни гаранции по моделот на НАТО. Трамп, исто така, изрази увереност дека Москва ќе прифати таков договор, објави „Ле Монд“.
Трамп откри дека имал „многу долги и многу добри“ разговори со својот украински колега Володимир Зеленски, како и со лидерите на НАТО и европските земји како што се Велика Британија, Франција и Германија.
„Се обидуваме да го разработиме тоа и мислам дека сега сме поблиску“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Имавме бројни разговори со претседателот Путин на Русија и мислам дека сега сме поблиску од кога било досега, па ќе видиме што можеме да направиме“.
REPORTER: An Article 5-like deal seems to be emerging without NATO membership for Ukraine. If such a security guarantee is offered, what incentive is there for Ukraine to give up any sort of territory?
US PRESIDENT TRUMP: Well, they've already lost the territory, you know, to be… pic.twitter.com/99sx8a6f03
— Status-6 (Military & Conflict News) (@Archer83Able) December 15, 2025
На прашањето дали неодамна разговарал директно со Владимир Путин, Трамп одговори остро: „да, разговарав“, без да навлегува во детали.
Сепак, Трамп се чини дека сугерираше дека во замена за безбедносни гаранции, Украина ќе мора да се согласи да отстапи делови од источниот регион Донбас што сè уште се контролирани од Киев – можност што Зеленски претходно силно ја отфрли.
На прашањето каков поттик ќе има Украина за да се откаже од територија, Трамп одговори: „Па, искрено, тие веќе изгубија територија“.
Тој додаде дека Европа, која и покрај противењето на Русија повторно предложи испраќање мултинационални мировни сили, ќе биде „голем дел“ од секоја безбедносна гаранција.
Европа
Крај на краткорочните изнајмувања станови за туристи во Шпанија, Airbnb казнет
Шпанија го казни Airbnb со огромни 65 милиони евра за рекламирање недвижности за краткорочно изнајмување, без соодветни дозволи. Одлуката доаѓа во време кога расте притисокот врз владата да го ограничи туристичкото сместување во услови на продлабочување на кризата со домувањето, објавува „Евроњуз“.
Шпанското Министерство за заштита на потрошувачите соопшти дека казната е конечна и дека на платформата со седиште во САД ѝ е наредено веднаш да ги отстрани сите нелегални огласи. Официјалните лица изјавија дека повеќе од 65.000 огласи на Airbnb ги прекршуваат шпанските закони за заштита на потрошувачите, вклучително и огласување недвижности, без дозволи или со неважечки броеви за лиценца.
Казната е шестпати поголема од профитот што Airbnb го оствари од спорните огласи помеѓу времето кога властите ја предупредија компанијата и времето кога огласите конечно беа отстранети.
Зошто беше казнет Airbnb?
Според шпанските власти, 65.122 огласи на Airbnb ги прекршиле прописите дизајнирани да ги заштитат закупците и потрошувачите. Многу од овие имоти се наоѓале во региони во кои краткорочните изнајмувања се ограничени или бараат експлицитно одобрение.
Министерството нагласи дека од платформите како Airbnb се очекува да проверат дали имотите рекламирани во Шпанија се во согласност со локалните и регионалните прописи за домување. Кога не го прават тоа, велат, тие изнајмувања остануваат на пазарот подолго отколку што треба намалувајќи го бројот на домови достапни за жителите што бараат долгорочен смештај.
Министерот за права на потрошувачите, Пабло Бустиндуј, рече дека има илјадници семејства што живеат на работ поради кризата со домувањето во земјата, а некои компании профитираат од бизнис-модели што ги принудуваат луѓето да ги напуштат своите домови.
Борбата против нелегалните изнајмувања не е ограничена само на Airbnb. Во јуни Шпанија исто така му наложи на Booking.com да отстрани повеќе од 4.000 нелегални огласи.
Барселона ја предводи борбата против масовниот туризам
Барселона стана епицентар на борбата на Шпанија против краткорочните изнајмувања. Градот оваа година објави планови за постепено укинување на сите туристички станови до 2028 година, со што ефикасно ќе им се забрани на платформи како Airbnb да продаваат приватно сместување во станбени згради.
Градските лидери велат дека краткорочните изнајмувања ги испразнија локалните населби, ги истиснаа жителите од пазарот за изнајмување и ги трансформираа цели населби исклучиво за туризам. Локалните заедници се согласуваат, а протестите – од мирни маршеви до напади со водни топови – се сè почести против масовниот туризам и растечките трошоци за живот.
Другите регионални и национални власти во Шпанија следат сличен пат. Повеќе од 53.000 нелегални туристички станови неодамна беа отстранети од официјалните регистри во целата земја, главно во Андалузија, Канарските Острови, Каталонија и Валенсија.
Шпанија пречека рекордни 94 милиони странски туристи во 2024 година и е на добар пат да го надмине овој рекорд оваа година. Иако туризмот останува клучен економски столб, официјалните лица велат дека построгата регулација на краткорочните изнајмувања е клучна за балансирање на растот на бројот на посетители со квалитетот на животот на локалното население.
Европа
Турски борбени авиони соборија дрон надвор од контрола во близина на брегот на Црното Море
Турција собори беспилотно летало „надвор од контрола“ кое се приближувало до нејзиниот воздушен простор над Црното Море, соопшти Министерството за одбрана. Инцидентот се случува по украинските напади врз руските танкери од „флотата во сенка“ покрај турскиот брег и предупредувањата од турските политичари за опасностите од ширење на војната во Украина, објави АП њуз.
Министерството во соопштението наведува дека борбените авиони Ф-16 биле испратени по откривањето на објектот. „За да се избегне каква било потенцијална штета, тој бил соборен во безбедна зона надвор од населените области“, се додава во соопштението. Во соопштението не се дадени дополнителни детали за локацијата или времето на инцидентот.
Украина соопшти дека нејзините поморски беспилотни летала погодиле два танкери на 28 ноември, додека трет брод бил погоден на 2 декември додека се движел кон турското пристаниште Синоп. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди претходните напади како закана за „безбедноста на навигацијата, животите и животната средина, особено во нашата ексклузивна зона“.

