Црна хроника
Советот на јавни обвинители свика седница за обвинителите на Јанева

Советот на јавни обвинители за во среда во 16 часот ќе одржи седница на којашто ќе се расправа за помошниците јавни обвинители на специјалната обвинителка, Катица Јанева.
Во соопштението од Советот се вели дека Советот на јавните обвинители на Република Македонија ќе одржи седница за избор на јавни обвинители во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, односно Специјалното обвинителство.Советот изгласа само седум од 14-те предложени помошници обвинители и се досега не отстапуваше од ставот дека на Јанева и се доволни седум обвинители за работа.Неизбирањето на целиот тим на Јанева е една од спорните точки коишто ги блокираат политичките преговори за договорот од Пржино. Неизвесно е дали обвинителите ќе отстапат од своите позиции дека не работат според политички договори и дека седум обвинители се доволни и ќе го изгласаат целиот тим како што бара обвинителката но и меѓународната заедница./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него е пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.
Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 пакување со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.