Црна хроника
Украдени околу 20.000 евра од куќа во Дебар
Полициската станица од Дебар, интензивно работи на пронаоѓање на сторителот на кривичното дело „тешка кражба“, кој од куќа во Дебар, според пријавата на оштетениот сопственик, одзел 19.700 евра и златен накит.
Кривичното дело, во полициската станица во Дебар е пријавено во понеделникот од Б.И. (48) од Дебар, сопственик на куќата, кој со семејството е на привремена работа во Италија. Според поднесената пријава, казненото дело тешка кражба било извршена во периодот јануари-април оваа година.
Засега непознатиот сторител, со употреба на скала се искачил до прозорецот од купатилото на задната страна од куќата, по што влегол во внатрешноста и започнал со пребарување низ собите. Во спалната соба тој го отстранил огледалото зад кое пронашол метална каса вградена во sидот и со помош на погоден алат ја откорнал. Потоа незабележан од никого повторно преку задната страна од куќата избегал.
На местото на настанот, полиската станица од Дебар изврши криминалистичко-технички увид а во тек се интензивни оперативни мерки за пронаоѓање на сторителот и реализација на ова кривично дело. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.