Црна хроника
Пијано момче ги искршило стаклата на општинската зграда во Прилеп
Пијано момче на возраст од 22 години е осомничено дека утрово ги искршило стаклата на општинската зграда во Прилеп, соопштуваат од СВР Битола.
Случајот бил пријавен во полициската станица во Прилеп утрово околу 6.40 часот. Случаен минувач пријавил дека непознато лице ги крши прозорците на зградата на општина Прилеп.Полицијата кога стигнала пред општината, го затекнала дваесет и двегодишниот Н.Т. во алкохолизирана состојба, како ги крши стаклата. Момчето е приведено и врз него било извршено алкотестирање, при што е констатирано дека во крвта има 1,67 промили алкохол.Н.Т. е задржан во полициска станица и со него се врши разговор околу мотивите за инцидентот кој го направил и против него ќе биде поднесена соодветна пријава./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.