Европа
Ирците со 62 отсто го изгласаа истополовиот брак

Република Ирска на историскиот референдум со уверливо мнозинство гласала за озаконување на браковите на лица од ист пол, бидејќи објавените конечни резултати во саботата навечер покажуваат дека „за“ гласале повеќе од 62 отсто од оние кои излегле на плебисцитот.
За промена на уставот со кој се дозволува брак за истополовите двојки гласале 1.2012.607 Ирци, додека против гласале 734.000 луѓе. Медиумите оценуваат дека колку за Ирците било значајно ова прашање сведочи и одѕивот на референдумот, кој бил над 60 отсто, поголем од кој и да е референдум во последните две децении, за што помогна и фактот дека многу ирски државјани од САД и од Велика Британија дошле во земјата во петокот за да гласаат.
Од 43 изборни единици, референдумот минал во 42, а против гласале единствено изборната единица Роскомон-Саут Лејтрим во централниот дел од земјата, отфрлајќи ги истополовите бракови со 5.42 отсто. Најмногу гласови браковите на лицата од ист пол добиле во источен Даблин, и тоа 75 отсто.
Со ова Ирска стана 19 земја во светот, а 14-та во Европа, којашто ги признава истополовите бракови, но е првата којашто тоа го не го стори преку парламентарна процедура, туку преку плебисцит.
Ирскиот устав и онака може да се менува или дополнува исклучително преку референдум, па оваа одлука значи дека одредбата за истополовите бракови може да се укине единствено доколку тоа прашање повторно биде ставено на референдум.
Ова претставува изненадувачки пресврт во традиционално конзервативната и изразено католичка Ирска, во која хомосексуалноста беше декриминализирана во 1993 година. Од 2010 година со закон беше дозволено граѓанско партнерство, но на ниво на закон кој можеше да биде променет со одлука на ирската влада. Со ваквиот исход на референдумот, меѓутоа, бракот на две лица од ист пол ќе има ист статус според ирскиот устав, како и бракот меѓу маж и жена. Таквата врска ќе се смета за семејство и ужива еднаква уставна заштита како и секое друго семејство. Сепак, останува отворено прашањето за родителството и правата во врска со сурогат родителството за истополовите двојки./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
АфД: Мерц ја плати цената за монструозната изборна измама

Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го поздрави неуспехот на конзервативниот лидер Фридрих Мерц да биде избран за канцелар во првиот круг од гласањето во парламентот.
Шефицата на АфД, Алис Вајдел, изјави дека резултатот, според кој Мерц доби шест гласа помалку од потребното апсолутно мнозинство, ги покажува „слабите темели“ врз кои е изградена коалицијата на конзервативниот лидер со социјалдемократите.
Мерц беше оштетен од самиот почеток, рече првиот секретар на пратеничката група на АфД, Бернд Бауман, во видео објавено на Икс.
„Тој ја плати цената за сите свои предизборни интриги, за монструозни изборни измами какви што никогаш порано не биле видени.“
Европа
(Видео) Снимен моментот кога Фридрих Мерц сфати дека сепак не е избран за канцелар

Кандидатот на Христијанско-демократската унија, Фридрих Мерц, не го доби потребниот број гласови во првиот круг од изборите за канцелар во Бундестагот и не беше избран за канцелар, што е историски уникатен случај.
310 од вкупно 630 пратеници во Бундестагот гласаа за Фридрих Мерц во првиот круг, што значи дека најмалку 18 пратеници на ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија, кои би требало да формираат коалициска влада, не гласаа за Фридрих Мерц.
За обезбедување на долгоочекуваните избори за наследник на Олаф Шолц му беа потребни 316 гласови.
Тоа е прв случај во историјата на СР Германија канцеларот да не биде избран во првиот круг.
Friedrich Merz unexpectedly failed to achieve the majority required to be elected German chancellor.
Here's how that moment unfolded in parliament ⬇️ pic.twitter.com/aCKkNLYqmM
— DW Politics (@dw_politics) May 6, 2025
Камерите го забележаа моментот кога лидерот на германските демохристијани сфати дека сепак не е избран за канцелар.
Европа
(Видео) Пожар на најголемиот градски пазар во Харков

За време на големиот руски напад врз Харков, избувнал пожар на најголемиот пазар во градот, Барабашово. Оштетени се неколку станбени згради и возила. Вкупно 11 лица се повредени во регионот Харков.
Massive Russian drone attack on Kharkiv last night. There were about 20 hits on the city.
Barabashovo market, the largest market in Kharkiv, is burning from the drone attacks. Thankfully, no one was hurt, although material losses from the fire will likely be huge. pic.twitter.com/USaAA67sTS
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 6, 2025
Гувернерот на Харковската област, Олех Синехубов, изјави дека околу 20 малопродажни објекти на пазарот се целосно уништени.