Регион
Бугарскиот премиер Орешарски најави оставка

Бугарскиот премиер Пламен Орешарски во четвртокот изјавил дека најверојатно ќе си поднесе оставка во периодот меѓу 23-ти и 25-ти јули, во согласност со договорот постигнат меѓу политичките партии околу одржувањето на предвремените парламентарни избори на 5-ти октомври.
Орешарски за бугарската телевизија BTV изјавил дека има „добра причина“ да почека до 21-ви јули, кога бугарската банка „Korpbank“, која неодамна западна во големи проблеми, треба да продолжи со работа, откако беше ставена под контрола на бугарската Централна банка, пренесува Reuters.
„Има добра причина оставката да не се случи на 21-ви јули (понеделник), така што најверојатно тоа ќе го направам во среда, четврток или петок, за потоа парламентот да гласа по мојата оставка“, истакнал Орешарски.
Бугарските политички партии на 17-ти јуни постигнаа договор за одржување предвремени парламентарни избори. Неколку дена пред постигнувањето на овој договор, владејачката коалиција го преживеа петтото гласање за доверба на владата, но очекувањата беа дека владата наскоро ќе поднесе поставка, пред сé, поради лошите резултати на владејачката Бугарска социјалистичка партија на мајските избори за Европскиот парламент./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.