Домашен
Доделена Државната награда за спорт 8 Септември
Државната награда „8 Септември “ за 2014 година од областа на спортот свешено е доделена во понеделникот во Владата на Република Македонија денеска беше доделена. Добитници на државната награда за спорт се Ристо Дарлев, Ленче Алексовска Величковска, Мирослав Петровиќ, Бојан Ангелов, а наградата за животно дело ја доби Стеван Крстески.
Ристо Дарлев како тренер е најзаслужен за освојувањето на третото место и освојувањето на бронзениот медал од Олимписките игри во Сиднеј 2000 година.
Професорката на Факултетот за физичка култура, Ленче Алексовска во својата професионална кариера била спортски психолог и придонела во освојувањето на златните медали на Европските првенства на Наташа Илиевска, Берат Јакупи и Емил Павлов.
Мирослав Петровиќ како тренер е најзаслужен за освоените олимписки медали на Аце Русевски и Реџеп Реџеповски.
Под раководство на Бојан Рангелов, борачот Шабан Трстена освои прво место и се закити со златен медал на Европското првенство во Познан Полска во 1990 година.
Носителот на државната награда за Животно Дело Стевен Крстески, во својата долгогодишна кариера има тренирано и е најзаслужен за освоениот прв златен медал на Бранислав Јовановски з во категоријата воздушен пиштол 10метри на Параолимписките игри во Шпанија 1992 година каде Крстевски бил селектор на репрезентацијата. Исто така Крстевски беше тренер и на Ванчо Каранфилов на Параолимписките Игри во Атина 2004 година каде освои сребрен медал во категорија воздушен пиштол 10 метри и на Оливера Наковска Бикова на Параолимписките Игри во Лондон 2012 година каде Оливера се стекна со златен медал во во категорија воздушен пиштол 10 метри.
Државната награда за животно дело претставува спортска пензија која ќе му се исплаќа на носителот до крајот на животот, додека останатите четири државни признанија претставуваат еднократна исплата во износ на 10 просечни плати во Република Македонија.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески на доделувањето на наградите рече дека симболот на независноста на нашата држава недвосмислено кореспондира со крајната цел на секој спортист – победата.
„Денешниот празник е прослава на победата, а токму таа е лајв-мотив на спортистите и спортските работници. Неслучајно пред три години токму на историски најзначајниот ден во РМ – 8 Септември, се воспостави државната награда за спорт со која државата ја валоризира вредноста и ја искажува својата благодарност до сите оние кои преку спортот успеаја да ја промовираат Македонија и да постигнат високи спортски резултати на меѓународно поле“, истакна Спасески.
Тој рече дека е посебно горд што помеѓу овогодинешните добитници на ова највисоко признание има и тренери и селектори кои се од исклучителна важност за секој спортист и спортски тим, како и спортски психолози кои во клучни моменти од натпреварувањата се од огромна поддршка за спортистите.
Претседателот на Одборот за доделување на наградата Зоран Радиќ честитајќи им на добитниците потсети дека на конкурсот за државната награда кој бил распишан од 19 април до 19 мај аплицирале 15 кандидати за признанието за остварувања во областа на спортот и четворица за животно дело.
Ленче Алексовска Величковска изразувајќи благодарност за доделената награда, рече дека тоа ќе и биде поттик и понатаму да работи со врвните спортисти на кои им го посветува ова признание. – Спортот значи дисциплина и ако делуваме тимски ќе има успех, бидејќи позади успешните спортисти стои експертски тим, рече Алексовска Величковска.
На доделувањето на наградата присуствуваа претседателот и членовите на Одборот за доделување на државната спортска награда „8 Септември“, претставници од националните спортски федерации, од Македонскиот олимписки комитет, спортисти и спортски работници. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Златна недела за „Алкалоид“
РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.
Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.
Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.
Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.
Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.
Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.
Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.
Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.
Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.
Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.
За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.
Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.
Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.
Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.
Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.
Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.