Топ
Двојно убиство во Куманово: маж ги убил сопругата и нејзината мајка, па си пресудил
Двојно убиство и самоубиство попладнево се случи во Куманово.
„Околу 14.25ч. постапувајќи по добиена пријава, во стан во Куманово полициски службеници ги пронашле починати Е.А.Ј. (40) од Куманово и нејзината мајка П.Н., кои претходно со нож ги убил Д.Ј. (46) од Куманово (сопруг на Е.А.Ј.) Потоа Д.Ј. си нанел повреди и себеси и скокнал од прозорецот. Д.Ј. бил пренесен во болницата во Куманово, каде починал“, информираат од МВР.
Од страна на јавен обвинител и екипа на СВР Куманово се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ахмети: „Вреди“ да се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет, а ние нема да станеме дел од Владата, и заедно да го прекинеме ова понижување на Албанците
Преку статус на Фејсбук, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги откри петте приоритети и ги повика „Вреди“ да ја напуштат Владата, повикувајќи ги заедно да стават крај на понижувањето на Албанците и другите етнички заедници.
„Почитувани граѓани, дозволете ми уште еднаш да повторам дека нашите приоритети вклучуваат: Евроинтеграци без никакво одлагање и без никакви двоумења како единствена алтернатива за нашата земја.
Ветинг за сите политичари, судии, обвинители и носители на јавни функции, со меѓународен мониторинг.
Верификација и контрола на имотот за сите носители на јавна функција во последните 33 години.
Истрага за процесот на приватизација и транзиција заедно со олигархијата создадена од тој процес.
Почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со вољата на гласачите и заедниците.
П.С. За да го отстранат срамот од непочитување на волјата на Албанците на изборите, Влен нека се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет на гласачите, додека ние, повторувам, нема да станеме дел од Владата, туку заедно да го прекинеме ова понижување што им се наметнува на Албанците и на другите заедници“, напиша Ахмети.
Македонија
Меџити за можни преговори со Тачи: Во наредниот период ќе има повеќе информации, јас лично немам такви преговори
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека засега нема преговори со Мендух Тачи за да се придружи на албанскиот блок партии, кои се дел од владејачката коалиција.
Околу излегувањето на Мендух Тачи од Европскиот фронт предводен од ДУИ, Меџити рече дека партиите во овој фронт не се споиле иделошки, туку за да опстанат на политичка сцена.
„Во наредниот период ќе имате повеќе информации за тоа. Јас лично немам такви преговори. Како што и најавив пред некој месец, тие не се споија идеолошки или за повисоки цели, туку како да опстанат на политичката сцена“, кажа Меџити.
Прашан дали планираат да преговарат со пратеници од ДУИ за да преминат на страната на „Вреди“, Меџити најави дека во наредниот период ќе има повеќе информации за тоа.
Македонија
Нема потреба од закони за амнестија за намалување на пренатрупаноста во затворите, Коцевска охрабрува да се даваат условни казни со надзор
Месно нови закони за амнестија за намаување на пренатрупаноста во затворите, судијката Билјана Коцевска од Основниот кривичен суд Скопје охрабрува да се пишуваат условни казни, но со надзор. Таа смета дека оваа мерка, која постои како законско решение, треба почесто да биде применувана.
„Со овој настан, кој е само почеток на идни вакви работилници, имаме цел да се охрабрат судиите да изрекуваат поголеми условни отпусти со заштитен надзор. Токму на овој начин јас сум убедена и верувам дека ќе можеме во догледно време да ја намалиме пренатрупаноста во затворите, да се намали рецидивизмот, а со тоа и ресоцијализација на осудените лица. Токму заради тоа сметам дека нема потреба од носење закони за амнестија само со една и единствена цел да се намали пренатрупаноста во затворите од причина што неколкуте закони за амнестија кои беа досега донесени, не ја постигнаа целта во насока на тоа дека можеби само моментално се намалува пренатрупаноста во затворите, но за многу кратко време повторно имаме пренатрупаност. Токму од тие причини сметам дека треба да се охрабриме да даваме поголеми условни отпусти во насока на постигнување на целта не само на намалување на пренатрупаноста туку и на постигнувањето на целта на казнувањето, намалувањето на рецидивизмот, а со тоа автоматски ќе се намали и затворската популација односно пренатрупаноста“, рече судијката Коцевска пред почетокот на работилницата „Предизвици за надминување на затворската пренатрупаност“ организирана од Македонското здружение на млади правници.
Условните казни без надзор, Коцевска смета дека јавноста со право ги доживува како ослободителни.
„Со изрекување само на условни осуди навистина е оправдан впечатокот во јавноста дека условно осудените останале неказнети. Со изрекувањето на заштитниот надзор, односно со обврските од заштитен надзор имаме начин и можност да вршиме надзор над однесувањето на осудените лица во времето на проверка така да доколку не ги исполнуваат обврските во тој случај се отповикува условната осуда. Верувам дека на тој начин сите ние ќе придонесеме да го смениме општиот впечаток во јавноста дека условно осудените останале неказнети. Ако имаме запретена казна од најмалку четири години, можеме најмногу да ја ублажиме до две години и во таков случај можеме да изречеме условна осуда со заштитен надзор“, рече судијката Коцевска.
Неизоставен дел од овој процес на давање поголеми отпусни осуди со заштитен надзор, Коцевска смета дека е и промоција на институтот пробација. За себе вели дека го применува и од 2019 година скоро и да нема условна казна без надзор.
„Имаме, навистина на многу високо ниво, добра соработка со пробациската служба во рамките на Кривичниот суд. Во секојдневна комуникација сме со нив. Верувајте дека се огромни придобивките од примената на овој институт. Јас пред да го закажам судењето барам проценка на ризикот од пробациската канцеларија. Ми даваат детален извештај и јас добивам комплетен извештај за структурата на личноста на обвинетиот со предлог – обврски кои би можеле да бидат изречени, иако секако не сум врзана со тоа. Можат да бидат тие, можат да бидат и тие и некој друга и така натаму. По правосилноста на пресудите добиваме редовни извештаи од страна на пробациската канцеларија“, објасни судијката Коцевска.
Директорот на Управата за санкции, Александар Пандов, денес пред почетокот на работилницата за предизвиците со пренатрупаноста во затворите рече дека еден затвореник годишно државата ја чини над 10.000 евра и порача дека ако стотина затвореници дневно можат да го напуштаат затворот поради работни обврски и попладне да се враќаат, тогаш нема зошто таквите луѓе казната да не можат да си ја одлежат во домашни услови.