Црна хроника
Еден убиен во пукање во казино во Капиштец
Маж од Арачиново е убиен во казино во Капиштец.
Од МВР информираа дека пукањето се случило утрово во објект на булеварот Гологанов, а починат е 46-годишен арачиновец.
Убиениот и лицето што пукало во него претходно играле на апаратите во казиното.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
