Црна хроника
Едно лице под истрага за убиство и за обид за убиство
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сторено кривично дело – убиство и кривично дело – обид за убиство. Како што се наведува, осомничениот на 2.3.2019 година, на локалниот пат меѓу селата Шишево и Глумово, со употреба на огнено оружје полуавтоматски пиштол со умисла убил едно лице, а се обидел да убие уште едно.
На критичниот ден тој со својот автомобил го попречил движењето на автомобилот во кој се наоѓале двајцата оштетени заедно со уште едно лице сведок на настанот и почнал вербална расправија поради претходно нарушени односи. Во момент кога еден од оштетените почнал да се враќа кон своето возило за да влезе, осомничениот му се приближил на кратко растојание и испукал кон него еден проектил од пиштолот нанесувајќи му тешка телесна повреда во вид на прострелна рана. Потоа тргнал да се пресмета и со вториот оштетен. Сведокот се попречил меѓу нив, но осомничениот му наредил да се тргне. За тоа време, оштетениот почнал да бега, па осомничениот се стрчал кон него и испукал повеќе проектили нанесувајќи му две огнострелни повреди во пределот на грбот. Како последица на овие повреди, оштетениот починал непосредно по приемот во болница.
По ова, осомничениот се дал во бегство и го напуштил местото на настанот и една година им беше недостапен на органите на прогонот. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство, можност да ги скрие трагите на кривичното дело, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештите лица, како и да го повтори делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

