Црна хроника
Моторџија удрил во пешак и избегал
Во понеделникот на пладне, во Велес непознат мотоциклист удрил во пешак, при што жената се здобила со тешки повреди, а тој избегал.
Како што соопшти полицијата, околу 12 часот во Велес на ул. „Алексо Демниевски“ се случила сообраќајна незгода во која мотор – непозната марка и регистарски ознаки, управуван од непознат возач, удрил во пешакот Е.С. (74) од Велес.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., на која и била укажана лекарска помош во Медицински центар Велес.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
