Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај „Борис Трајковски“ во Скопје
Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди, а друг возач е полесно повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13:05 часот на крстосницата меѓу булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „Трајко Иванов Љузе“ во Скопје.
Како што информираат од СВР Скопје, во несреќата учествувале патничко возило шкода, управувано од 61-годишниот П.Б. од Скопје и мотоцикл јамаха, со кој управувал 28-годишниот М.С., исто така од Скопје.
По судирот, мотоциклистот М.С. се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Возачот на автомобилот П.Б. е полесно повреден и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на несреќата излезе јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а истрагата за причините продолжува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во струшко, пронајдени дрога и куршуми, уапсен 28-годишник
Вчера во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода 28-годишниот Д.Р. од истото село.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми различен калибар.
По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски
Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата попладне.
„Син ми почина“, напиша мајката Роза во еден од коментарите на Фејсбук.
40-годишниот прилепчанец Виктор Илиоски, кого семејството го пријави дека исчезнал, попладнево е пронајден починат во кругот на болницата во Прилеп, соопшти МВР.
„Денеска (16.02.2026) во 16:00 часот во СВР Битола пријавено е дека во кругот на ГОБ Прилеп пронајден бил В.И. (40) од Прилеп без знаци на живот. Лицето на 15.02.2026 година било пријавено за исчезнато лице. Од Итна медицинска помош била констатирана смрт, известен е јавен обвинител по чија наредба телото е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени две жени од Грција, краделе козметика во трговски центар во Аеродром
Полицијата уапси две грчки државјанки, осомничени за извршена кражба во продажно место на подрачје на општина Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција.
Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором украле повеќе козметички производи.
По целосно документирање на случјот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава.

