Црна хроника
На скопскиот аеродром приведени мајка и син, депортирани од Шведска

На граничниот премин Аеродром Скопје, како депортирани лица од Шведска допатувале М.Ш.(38) од Скопје и нејзиниот 11-годишен син. Тие заминале во Шведска во 2014 година и побарале азил, но не им било прифатено барањето и биле вратени во Македонија.
По извршена проверка било констатирано дека М.Ш. се наоѓа на листа со мерка „апси“, додека момчето се наоѓа на листата „исчезнато лице“.
Лицата се приведени, по што момчето било предадено на инспектор за малолетничка деликвенција за понатамошна постапка, додека М.Ш. била предадена на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба за спровод до Казнено-поправната установа „Идризово“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Повредена работничка во „Бунарџик“
Скопјанка се здобила со повреди на работното место во фабрика во индустриската зона Бунарџик.
„На 09.06.2023 во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди била донесена Љ.С.(53) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи во фабрика во индустриската зона Бунарџик“, велат од МВР.
За настанот бил известен трудов инспектор.
Според информациите од МВР, во истиот ден загинал работник во кругот на „Железара“ во Скопје.
Топ
Работник загина во „Железара“

Работник загина на работното место во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје.
Од МВР информираа дека при извршување работни задачи со повреди се здобил и починал А.П.(53) од с.Петровец, Скопско.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје. За настанот бил известен трудов инспектор. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Тешка сообраќајка кај Ресен: автомобил излета од патот, возачот почина

Маж почина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Макази – Маркова Нога, кога со возилото излетал од патот.
Несреќата, како што информираа од МВР, се случила утрово околу 4 часот.
„Патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Ресен, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото починал возачот А.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР.
Увид извршиле екипа од Полициската станица Ресен и јавен обвинител.