Контакт

Црна хроника

Поднесено обвинение за 21-годишен скопјанец за убиството на Саздо

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против 21-годишен скопјанец за убиството на Никола Саздовски, познат како Саздо.

„Обвинетиот, заедно со уште две лица за кои постапката беше раздвоена и за кои веќе е донесена првостепена пресуда од Основниот кривичен суд Скопје, на 29.6.2018 година на свиреп начин го лишиле од живот оштетениот Никола Саздовски. Тие му пристапиле на оштетениот на автобуска постојка на булеварот Александар Македонски и му побарале лична карта. Кога оштетениот им ја покажал, тие му се обратиле со зборовите ‘А ти си тој Никола Саздовски наречен Саздо’ по што сите тројца заедно почнале да го удираат со боксови во главата и градите. Од силината на ударите оштетениот изгубил рамнотежа и паднал на тротоарот по што обвинетите продолжиле со клоци да го удираат во градите и главата. Од ударите Саздовски паднал во коматозна состојба и како резултат на наесените тешки телесни повреди починал на 9.7.2018 година на одделението за анестезија и реанимација при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар – ТОАРИЛУЦ“, соопшти ОЈО.

Со обвинителниот акт јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор поради опасност од бегство на обвинетиот и можност тој да влијае врз сведоците.​

Црна хроника

Пациент се заканувал кон вработена во ковид-центар

Објавено пред

Пациент се заканувал кон вработена во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од полицијата информираат дека настанот се случил синоќа, а пациентот употребил остар предмет упатувајќи закани кон вработената А. М. (31) од Скопје.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Топ

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Објавено пред

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Случајот вчера во полицијата го пријавил неговиот син.

Покојниот 72-годишен маж во паричникот имал пари, лични документи и предмети.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кривична пријава за тетовец кој украл пари од црква

Објавено пред

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б. Ш. (20) од Тетово поради тешка кражба.

„Пријавениот на 30/31.8.2020 влегол во црквата ,,Св. Анастасија“ во с. Радиовце и одзел пари“, информираат од МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија13 часа

Починатите од Ковид-19 не мора да бидат погребани во затворен и залемен метален сандак

На денешната седница Владата го прифати заклучокот на Комисијата за заразни болести дека овластените оператори за погребални услуги се должни...

Македонија13 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија13 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ15 часа

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија16 часа

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија17 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да...

Регион17 часа

Србија воведе нови мерки – угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок....

Македонија18 часа

УКИМ: Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата

Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, сметаат од Универзитетот...

Македонија19 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и...

Македонија21 час

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион21 час

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Македонија22 часа

Почина заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи

Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше...

Свет22 часа

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет23 часа

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет23 часа

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Свет23 часа

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар Хери Казианис,...

Свет23 часа

САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард...

Македонија24 часа

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Досие