Контакт

Црна хроника

„Пунто“ удри во 11-годишно дете од Шемшово

Објавено пред

„Пунто“ удри во 11-годишно дете од Шемшово. Како што информира МВР, вчера околу 12.45 часот на регионалниот пат Ратае-Желино, во село Шемшово, Тетовско, патничко возило „фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.М. (48) од Скопје, удрило во 11-годишно дете од Шемшово, кое управувало велосипед.

Повреденото дете било пренесено во тетовската клиничка болница. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Гевгеличанец извршил грабеж во казино заканувајќи се со ловечка пушка

Објавено пред

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе обвинение против гевгеличанец на возраст од 40 години поради „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи и разбојништво“.

Обвинетиот кај себе неовластено држел ловечка пушка и 8 ловечки куршуми. Од обвинителството велат дека на 9 јануари околу 2:40 часот од електронското казино во Гевгелија, заканувајќи се со пушката, одзел пари во вкупен износ од 150.000,00 денари.

„Обвинетиот маскиран во пределот на лицето, преку задниот спореден влез влегол во казиното и се упатил кон просторот каде што се наоѓа касата. Потоа ја вперил пушката кон касиерот кој бил на работно место давајќи му знак со пушката да се оддалечи од касата. Касиерот исплашен по својот живот од ваквата закана, ја послушал наредбата дадена од обвинетиот и го напуштил просторот кај касата. Тогаш обвинетиот ги одзел парите кои се наоѓале внатре во вкупен износ од 150,000,00 денари во различни апиени и го напуштил казиното“, велат од обвинителството.

Тој претходно извршил и разбојништво во Грција, за што бил осуден на ефективна казна затвор и избегал од државата за да го избегне издржувањето на изречената казна, а во повеќе наврати бил осудуван за кривични дела против имотот и против животот и телото на луѓето.

Основното јавно обвинителство Гевгелија ценеше дека постои опасност обвинетиот да се даде во бегство или да продолжи со вршење вакви кривични дела, па поради тоа до Основен суд Велес со поднесениот обвинителен акт достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Измамник лажел гостиварци дека ќе им најде работа во Германија, за „услугата“ зел 8 000 евра

Објавено пред

Измамник лажел гостиварци дека ќе им најде работа во Германија, а за „услугата“ наплатил 7.700 евра.

Осомничениот во текот на овој месец довел во заблуда едно лице, ветувајќи му дека за повеќе лица од Гостивар ќе му обезбеди документи од Министерството за труд и социјална политика со кои тие би можеле да добијат работни дозволи и легално да работат во градежна фирма во Германија. За услугата осомничениот од оштетениот наплатил сума од 7.700 евра, за што потпишал и изјава со обврските кои ќе ги исполни и со определен рок за реализација на договореното.

Осомничениот се товари за кривично дело „измама“, а судот му определ притвор од осум дена.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Прегазен пешак на улица во Скопје

Објавено пред

Вчера на улицата Варшавск“ патничко моторно возило „лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ѓ.(48) од селото Волково, Скопско, удрило во 48-годишен пешак од Скопје.

Притоа пешакот се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана помош во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. На местото на настанот извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија7 часа

(Видео) Јанушев, Кирацовски и Асани се ракуваа и ветија фер и демократски избори

Шефовите на изборните штабови на кандидатите за претседател денеска присуствуваа на средба со Државната изборна комисија од каде порачаа дека...

Избори 20197 часа

(Видео) Деркоски: Ниту една кампања не може да е кристално чиста, но оваа беше релативно мирна

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, на средбата со шефовите на изборните штабови на кандидатите за претседател оцени дека...

Македонија7 часа

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија9 часа

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија9 часа

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток10 часа

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија11 час

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа12 часа

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20191 ден

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија1 ден

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Избори 20191 ден

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија1 ден

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија1 ден

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет1 ден

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет1 ден

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет1 ден

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија1 ден

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет1 ден

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа1 ден

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Досие