Црна хроника
Тетовец лажел фирми дека нивни вработени имале сообраќајни несреќи

Тетовец лажно се претставувал како бизнисмен од Турција и измислувал приказни за наводни сообраќајни несреќи, телефонски измамил повеќе лица вработени во фирми од Бугарија, Србија, Албанија и Косово.
Пласирајќи им лажни приказни дека нивни вработени, најчесто возачи, загинале или се тешко повредени во сообраќајни несреќи и дека се потребни пари за погреб или лекување, тој успеал да се стекне со противправна парична корист од околу 9.000 евра. Парите преку филијали на извесна фирма ги подигнувал С.Ш. и потоа му ги давал на РМ, а тој, пак, за услугата му плаќал од 50 до 100 евра. Тоа го сторил во периодот од ноември минатата година до втората половина на јануари годинава, соошпшти МВР.
Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 44-годишниот тетовец Р.М.(44), поради основи на сомнение дека сторил кривично дело измама и против С.Ш.(45) од с.Копаница, Скопско, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање и расчисти 24 измами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Глоба од 2.000 евра за две лица што го прекршиле полицискиот час

Парични казни за две лица од Скопје кои го прекршиле полицискиот час, информираат надлежните.
Скопското јавно обвинителство поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица за кривично дело- непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниво по Кривичниот законик.
Обвинетите на 6 април, за време на важечки полициски час, без да поседуваат дозвола се движеле пеш по улицата „Беласица“ во Скопје. Со тоа тие ги прекршиле прописите со кои се определуваат мерки за заштита од заразната болест Ковид-19.
Јавниот обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за двете лица да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.
Црна хроника
Разбојници обиле стан во Битола, настанала мешаница кога биле забележани

Битолското основно јавно обвинителство донесе наредба за истрага против две лица од Битола и Прилеп за кривично дело – разбојничка кражба.
Истрагата е поведена под сомнение дека двајцата, заедно со уште едно непознато лице, кое според првичните информации од истрагата чувало стража, на 14 април, биле затечени при кражба во стан на улицата „Климент Охридски“.
Ги затекнале двајца соседи кои се обиделе да ги спречат во намерата и да ја известат полицијата, но осомничените употребилe сила, се нафрлиле врз соседите, ги собориле на скалите при што на едниот сосед му нанеле тешка повреда.
Едниот осомничен потоа употребил и нож, замавнувајќи кон станарите, по што се дал во бегство и се уште не е достапен на органите на прогонот, а другиот е уаспен.
Основниот суд Битола определи мерка притвор, во траење до 30 дена спрема двајцата осомничени. За оној кој е во бегство притворот ќе започне да се применува кога ќе биде уапсен.
Црна хроника
Двајца разбојници уапсени при обид за тешка кражба од плац во Кочани

Кочанската полиција денеска ги уапсила А. В. (26) од Кочани и 15-годишен малолетник затоа што во 11.30 часот биле затекнати при вршење тешка кражба од плац на улицата Македонска.
По комплетирање на случајот, против разбојниците ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш