Црна хроника
Украдени швајцарски франци, злато и документи
Од куќа во село Рогле, крадец украл злато франци и лични документи, соопшти полицијата.
Имено, во периодот од 19 до 22.20 часот во село Рогле, во средата, во куќа сопственост на А.И.(46), непознат сторител извршил тешка кражба.
Сторителот насилно ја отворил вратата, влегол внатре, извршил пребарување и одзел 6000 швајцарски франкц во разни апоени, златни пари и лични документи, по што побегнал од местото на настанот.
Се преземаат мерки пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР: Уапсено е момче кое во Аеродром се истепало со двајца малолетници
Денеска во 2.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интрвентна полиција при СВР Скопје го уапсила Л.А.(18) од Скопје затоа што во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со двајца малолетници од с.Јегуновце, тетовско и с.Крушопек, општина Сарај.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од полицијата.
Црна хроника
Пронајдена рачна бомба на Зелениот пазар во Тафталиџе
Вчера во 19.27 часот во СВР Скопје, вработен како обезбедување на Зелен пазар – Тафталиџе пријавил дека околу 19.20 часот во кругот на пазарот пронашол една рачна бомба.
Увид бил извршен, а екипа од антитероризам безбедно ја подигнале бомбата за понатамошна постапка.
Црна хроника
Кичевец при нелегален транспорт на огревно дрво прегазил шумски полицаец
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против В.Р.(33) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.
На 27.11.2024 на локален пат во кичевското село Осој, тој бил затекнат од патрола на Шумска полиција при нелегален транспорт на огревно дрво со возило „лада нива“.
Притоа, тој не застанал на даден знак од овластените службеници на шумската полиција и со возилото удрил еден шумски полицаец, по што избегал. По преземени мерки, В.Р. бил пронајден и лишен од слобода.