Црна хроника
Четворица тешко повредени во сообраќајка во Козле
Четворица луѓе се тешко повредени во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на крстосницата од ул. Mилан Марковиќ и ул. Ловќенска во скопската населба Козле, помеѓу „фолксваген“, управуван од Д.М.(21) од Тетово и „мерцедес“, управуван од Д.Р.(41) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „мерцедес“, Е.А.(62), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „мерцедес“, Ч.М.(59), по што биле пренесени во клиниката „Аџибадем Систина“, Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
Приведен велешанец осомничен за две тешки кражби
На 1 март 2026 година во 06:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Р. (35) од Велес, поради основи на сомнение дека на две различни локации во градот извршил кривично дело „тешка кражба“.
Според информациите од полицијата, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.
Осомничениот бил приведен во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 23-годишник од Боговиње по пријава за напад со остар предмет
Во село Боговиње, вќера полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.М. (23) од истото село, постапувајќи по претходна пријава за физички напад.
Според пријавата поднесена од А.Т. (18) од Боговиње, инцидентот се случил пред колонијал во селото, при што осомничениот физички го нападнал и употребил остар предмет.
По целосно документирање на настанот, против Ј.М. ќе следува соодветна пријава.

