Црна хроника
Во вооружен грабеж на бензинска пумпа успеал да земе само 100 денари
Мерка од 30 дена притвор му е одредена на 24-годишниот В.И од Делчево, кој е осомничен за кривичното дело „разбојништво“, извршено на почетокот од март.
Пријавениот кривичното дело го извршил на 1-ви март околу 02,45 часот на улицата „Никола Карев“, поточно на бензинската пумпа на „Макпетрол АД Скопје“, користејќи пиштолот, кој претходно го купил од Бит пазар и го сокрил во еден камион паркиран во непосредна близина на бензинската пумпа, ја ставил маската на лицето и се упатил кон вработениот.
Со закана со пиштол кон него му наредил да му ги даде парите од прометот кои ги носел во службената чантата. Вработениот исплашен за својот живот ја отворил ташната, со цел да му ги даде, но осомничениот сам посегнал и ги извадил парите во износ од 100 денари по што се дал во бегство во правец кон железничката станица.
Вработениот на пумпата потоа побарал помош од полициските службеници од единицата „Алфа“, кои во тој момент биле во внатрешниот дел од објектот на бензинската пумпа. Истите почнале да го бркаат и по кратко време успеале да го стигнат и совладаат, по што го привеле во полициската станица Центар, каде со напаѓачот бил извршен разговор во кој детално го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.
Поради тоа, СВР Скопје – Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит пазар до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против В.И. поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „разбоjништво“ предвидено и казниво по член 237 од КЗ на РМ, за што од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.