Црна хроника
Вработен во МВР одобрувал возачки дозволи на лица без положен испит
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Ш. Ј., помлад референт за управни работи во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Во периодот од март до мај 2020 година пријавениот во три наврати јги злоупотребил службената положба и овластувањето на начин што постапил спротивно на одредбите од член 272 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и правилникот, односно извршил креирање барање за возачки дозволи и фотографирање за возачки дозволи, кои ги процесирал во натамошна постапка (одобрување) за три лица, кои воопшто немале положено возачки испит.
Против Ш. Ј. е поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност и суспензија од работното место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Струмичко: пронајдена марихуана, уапсен 29-годишник
Вчера во село Пиперево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 29-годишниот В.М. од село Пиперево.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен скопјанец по напад во казино и семејно насилство
Вчера околу 21:40 часот, полицијата го приведе 35-годишниот Т.Ј. од Скопје, на подрачјето на општина Аеродром.
Приведувањето следело по претходна пријава дека околу 21:30 часот, во и пред казино, заедно со уште едно лице физички го нападнал 53-годишниот Д.М. од Струмица, со престој во Скопје. По нападот, Т.Ј. се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.
Дополнително, неговата 29-годишна сопруга пријавила дека тој физички ја нападнал и во семејниот дом. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен велешанец поради напад во здравствена установа – ја заклучил во канцеларија, кршел, се заканувал
На 27 октомври 2025 година, околу 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа 31-годишниот М.П. од овој град, по претходна пријава од 55-годишна велешанка.
Според пријавата, на своето работно место во здравствена установа во Велес, осомничениот ја заклучил жената во една од просториите, кршел предмети, физички ја нападнал, ѝ се заканувал со остар предмет, па ја испрскал во очите со средство за чистење.
Тој е задржан во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

