Црна хроника
Двајца велосипедисти тешко повредени во сообраќајки во Скопје
Две сообраќајни незгоди во кои биле повредени велосипедисти се случиле вчера во Скопје.
Во првата, околу 14:30 часот, автомобил „опел астра“ управуван од 61-годишен скопјанец удрил во 36-годишен велосипедист на булеварот Партизански одреди. Од ударот, велосипедистот се здобил со тешки повреди, па возачот на автомобилот го пренел во Градската општа болница „8 Септември“ каде што му била укажана лекарска помош.
Втората сообраќајна незгода се случила околу 18:20 часот на крстосницата од булевар Јане Сандански и улица 23 Октомври. Во неа, автомобил „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки управуван од 70-годишен возач удрил во 27-годишен велосипедист од Скопје. Велосипедистот добил тешки повреди и со автомобил бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот, а полицијата работи за расветливање на двата случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.