Црна хроника
Две лица тешко повредени во судир на камион и автомобил

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладнето се случила на локалниот пат с.Калишта кон с.Франгово-струшко помеѓу камион “ВМЦ“ и автомобил „Фиат Панда“.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатничката од автомобилот, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата “Свети Еразмо-Охрид“.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се бара притвор за четири лица кои краделе од објект на Железници во Скопје

Скопското обвинителство поведе постапка против четири лица кои извршиле вкупно 4, а се обиделе да извршат уште една тешка кражба од објект на Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура – Скопје на булеварот „Србија“.
Од почетокот на месецов, во четири наврати, со физичка сила и алат го кршеле катанецот со кој била затворена капијата на објектот, а потоа влегувале внатре и одземале машини и други предмети во вкупна вредност од 1.239.000 денари.
Потоа, уште еднаш на 14 април, двајца од нив дошле пред објектот, ја обиле металната капија и се обиделе да одземат парчиња лим, но биле забележани и задржани на лице место од вработените.
За сите нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Водоводџија почина во куќа во Карпош додека вршел поправки

Седумдесет и шестгодишниот водоводџија М.Т. од Скопје почина во куќа во Карпош додека извршувал поправки.
Лекар од Итната медицинска помош констатира смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пожар во угостителски објект во Центар

Денеска околу 03 часот во полицијата било пријавено дека бил опожарен угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје.
„Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, информираа од МВР.
Извршен бил увид.