Црна хроника
Жител на Радолишта пријавен за кражба на „ауди“ со американски таблички
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „одземање моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 38-годишниот Ќ.Р. (38) од струшкото село Радолишта.
Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 22/23 февруари на улицата „Туристичка“ во Струга, каде забележал незаклучено паркирано патничко моторно возило марка „ауди“ со американски регистарски ознаки. Веднаш, влегол во возилото, ја отворил хаубата, поставил кабли (клеми), го стартувал автомобилот и одземајќи го избегал од местото на настанот.
Одземањето на патничкото моторно возило, во полициската станица во Струга е пријавено на 23-ти минатиот месец, по што биле преземени неопходните оперативни мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

