Црна хроника
Измамиле старец и му зеле 5000 евра
Две непознати лица измамиле 76-годишен старец и му одзеле 5000 евра.
Според информациите, додека старецот се враќал дома, му се доближило едно лице и му се претставило дека е од Србија и направило сообраќајна незгода со еден Израелец, кој барал да му плати 5000 евра. По кратко време дошло друго лице и се претставило како Израелец и рекол дека жена му била во болница и дека му требале пари за да му плати на лекарот.
Тој му побарал да му даде 5000 евра само да ги покаже на докторот за да ја лекува неговата жена, а потоа ќе извадел пари и ќе му плателе на лекарот. С.А. од банка извадил пари и му ги дал на лицето што се претставил дека е од Израел, а како гаранција му оставил три златника. Откако ги зеле парите, заминале и не се вратиле, по што С.А. сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.