Црна хроника
Истрага за скопјанец, на задното седиште на автомобилот криел марихуана
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за неовластена продажба на марихуана.
На 23.3.2019 година, тој со автомобил „фоксваген пасат“, кој не бил во негова сопственост, на крстосницата меѓу булеварите Македонско-косовска бригада и Босна и Херцеговина бил забележан од полицајци дека поминал на црвено светло. Притоа, му била дадена наредба да го запре возилото, но осомничениот побегнал по што по радиоврска била објавена потрага по него.
Со поставена блокада на регионалниот пат Скопје-Велес кај Трубарево возилото било запрено, а полициските службеници извршиле легитимирање на осомничениот, личен преглед и преглед на возилото. На задното седиште од автомобилот била пронајдена марихуана со вкупна нето-маса од 3.247,6 грама спакувана во три пакувања. Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за притвор за осомниченото лице ценејќи, пред сè, дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство со цел да го избегне кривичниот прогон или да го повтори кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.