Црна хроника
Кривична за виничанец, кој, палејќи стрниште, предизвикал пожар со штета од над 2 милиони денари
Полицијата од Виница поднесе кривична пријава против 71-годишен виничанец поради сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
Како што информираат од МВР, на 5 мај годинава на местото наречено Влашки Ливади во Виница, пријавениот запалил стрниште, при што избувнал пожар, кој се проширил на соседната нива и склад за дрва што го користи приватна фирма.
Притоа биле опожарени 227 кубни метри багрем, 99 кубни метри даб и 49,5 кубни метри бор, а оштетени биле и товарни возила, приколка и други средства, со што била причинета материјална штета од 2.055.040 денари.
Во пожарот бил зафатен и деловен објект во сопственост на жител од село Истибања, при што биле оштетени ПВЦ- столарија, ѕид и покривната конструкција, со што била причинета материјална штета од 254.450 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.