Топ
МВР со детали за убиството и самоубиството во Демир Капија

МВР потврди дека утрово се пронајдени две тела во сопствените станови во зграда во Демир Капија, каде што претходно беше објавено дека се извршени убиство и самоубиство.
„Денеска (16.05.2023) во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР за „Макфакс“.
Од увидот и извршените разговори со повеќе лица било констатирано дека М.К. прво пукал со пиштол во неговиот сосед Б.М., а потоа извршил самоубиство. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.
Повозрасниот демиркапиец претходно го пријавувал својот млад сосед за тропање во зградата.
„Последното пријавување е на 19 јануари годинава. Повозрасниот го пријавил помладиот со поплака за тропање“, велат од МВР.
Двајцата имале нарушени меѓусоседски односи, но во минатото немало големи инциденти или тепачки. По пријавата, помладиот сосед бил повикан во полицијата и предупреден.
Според неофицијални информации, имало и проштално писмо оставено од човекот што го извршил убиството, па се самоубил.
(Обвновено)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.
Македонија
Следува период на многу топло време со температури над 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Времето во наредните денови
Во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C.