Црна хроника
Момче од Скопје со автомобил удри во земјен брег кај Мирковци
Двесет и осумгодишно момче со автомобил излеталo од патот на обиколницата пред клучката Мирковци и удрилo во земјен брег. Момчето со тешки повреди е пренесено во болница.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 7:45 часот кога Д.К.(28) од Скопје со „пежо 206“ со скопски регистерски таблички излетал од коловозот, удрил во земјен брег и повторно се вратил на коловозот по што запрел на помошната лента за запирање возила.
По сообраќајната незгода, Д.К. со возило бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде што му биле констатирани тешки телесни повреди по што бил задржан на понатамошно лекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.