Црна хроника
Најдени тројца починати, во три одделни случаи, едниот имал само 27 години
Едно момче на 27 години другарите го донесле починат во болница, станодавци ја нашле потстанарката почината, а тело било извлечено и од водите на реката Вардар.
Според полицискиот билтен , во вторник, во 15.15 часот во полициска станица Тетово, Д.К. (48) од Тетово пријавила дека, заедно со нејзиниот сопруг Д.К., во нејзиниот стан на ул. „180“ во Тетово ја пронашле почината нивната потстанарка Б.Т. (64) од село Брвеница, со привремено живеалиште на наведената адреса. Имено, околу 15 часот Д.К. заедно со нејзиниот сопруг дошле со намера да се видат со Б.Т., но откако не ја отворила вратата, истите со употреба на сила ја отвориле и ја пронашле почината. Смрт е констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. Лекар од судска медицина извршил преглед врз телото и не констатирал траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е однесено во Клиничка болница Тетово за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Истиот ден, во 19.50 часот во полициска станица во Прилеп, лекар од Итна медицинска помош Прилеп пријавил дека кај нив со возило, од страна на неговите другари, бил донесен Д.К. (27) од село Ерековци, прилепско, кој не давал знаци на живот. Истиот веднаш бил пренесен во Градската општа болница Прилеп, каде е констатирана смрт без траги на насилство. Од извршениот разговор со М.Т. (24) од село Ерековци, другар на починатиот, било утврдено дека околу 19 часот заедно излегле од куќата на М.Т. да прошетаат, по што на Д.К. му се слошило и паднал на улица. Поради утврдување на причините за смртта, Јавен обвинител издал наредба да се изврши обдукција.
Во 12.55 часот во водите на реката Вардар забележано било човечко тело кое застанало во грмушки на десниот брег од реката. Од страна на екипа на Противпожарната заштита, телото е извадено од водите на реката Вардар, а екипа од Итна медицинска помош се обидела да изврши реанимација, но не успеала и констатирале смрт. Се работи за женско лице на возраст од 60 до 70 години. На телото немало забележливи физички повреди, а не биле пронајдени ниту лични документи во облеката. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено во институтот за судска медицина за обдукција./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 33-годишник во Центар, бил во возило со две малолетнички
Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 22:30 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, сопреле патничко моторно возило управувано од З.Т. (33) од Скопје.
Како што информираат од полицијата, во возилото се наоѓале две малолетнички со кои тој се познавал од претходно, но не биле во роднинска врска. З.Т. бил лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор во полициска станица.
Службен разговор бил извршен и со двете малолетнички, во присуство на нивните родители, бранител и стручен тим од Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјални работи.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Малолетничка најдена онесвестена во Карпош, пренесена е на Клинички
Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје.
Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.

