Црна хроника
Обвинение за скопјанец кој со пиштол извршил разбојништво во сендвичарница
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 36-годишен скопјанец поради разбојништво. Тој на 17 јули се приближил до сендвичарница на кејот на Вардар во центарот на Скопје, извадил пиштол, го репетирал и со него им се заканил на две оштетени, барајќи да му ги дадат парите од дневниот промет.
Едната оштетена избегала, успеала да влезе во сендвичарницата и да се заклучи од внатре. Обвинетиот ја фатил за рака другата оштетена која останала надвор и го вперил пиштолот во главата, ја турнал и и се заканувал дека ќе ја убие доколку не му даде пари. Потоа почнал да ја претресува по џебовите, од каде нашол и одзел само 10 денари. Се обидел да влезе во сендвичарницата, но не успеал да ја отвори вратата, па испукал еден проектил од пиштолот во земја и се дал во бегство во правец кон Бит-пазар. Спроти трговскиот центар „Мавровка“ тој бил совладан и лишен од слобода од страна на полициски службеници.
„Кај обвинетото лице бил пронајден пиштолот GAP со калибар од 9мм, со кој им се заканувал на оштетените дека непосредно ќе нападне врз нивниот живот или тело.Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе се даде во бегство или ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице”, соопшти обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.